Мерјан или Мерџан (, Лигария, до 1927 година Μέργιανη, Мерјани) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Визалтија на Серскиот Округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци.
Географија Селото се наоѓа во Серското Поле, на околу 2 км југоисточно од Димитрич, југозападно од Сер.
Историја Во Отоманското Царство Во XIX и почетокот на XX век Мерјан е село во Серската Каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Мерџан (Merdjan) било село во Серската Каза со 62 домаќинства сочинети од 190 Македонци. Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Мерјан:
В 1891 година Георги Стрезов пише за селото:
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Мерјан имал 75 жители, кои тој погрешно ги смета за Турци.
Во Грција За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Бидејќи населението настрадало од Грците за време на второспоменатата војна, во 1913 г. селото се свело на само 50 жители кои во 1920 г. се накачиле на 83. Во 1923 г. во Мерјан се доведени грчки колонисти. На пописот од 1928 г. селото е претставено како мешано мештанско-дојденско со 68 лица (14 семејства) доселеници.
Во 1978 г. во селото е изградена црквата „Св. Константин и Елена“.
+ Месности во Мерјан преименувани со службен указ на 6 јули 1968 г. Име Грчки Ново име Грчки Опис Силви Кавак или Сивли Кавак Σιβλί Καβάκι Митери Левки Μυτερή Λεύκηмесност на ЈИ од Мерјан, по десниот брег на Копач Дере Мара Парчаси или Мира Парца или Мура Парца Μουρά Παρτσά Ливадотопос Λιβαδότοποςмесност на СИ од Мерјан Чирпилик Τσιρπιλίκι Лептоксилија Λεπτοξυλιάмесност на СИ од Мерјан, по десниот брег на Струма
Општествени установи Црква „Св. Константин и Елена од 1860 г. Црква „Св. Константин и Елена“ од 1978 г.
Население
Наводи
Категорија:Визалтија