Универзитетската корпорација за атмосферски истражувања (УКАИ) е американски непрофитен конзорциум составен од повеќе од 100 колеџи и универзитети кои обезбедуваат истражување и обука за атмосферските и сродните науки. УКАИ управува со Националниот центар за атмосферски истражувања и обезбедува дополнителни услуги за зајакнување и поддршка на истражувањето и образованието преку своите програми во заедницата. Нејзиното седиште е во Болдер, Колорадо.

УКАИ е основан во 1959 година од страна на собир од 14 водечки универзитети за поддршка на атмосферските науки. Тие биле мотивирани од новопризнаената потреба за здружени опсервациски и пресметковни капацитети и силен истражувачки кадар, кои заедно ќе и овозможат на академската заедница да спроведува сложени, долгорочни научни програми надвор од дофатот на поединечни универзитети.

Првата голема акција на оваа група, во партнерство со Националната научна фондација, била основањето на НЦАИ. Оттогаш, УКАИ управува со НЦАИ во име на ННФ при одговарање на итни научни и општествени потреби кои ја вклучуваат атмосферата и нејзините интеракции со океаните, копното и Сонцето.

Програми на заедницата Улогата на УКАИ при поддршката и дополнувањето на работата на академската заедница пораснала и вклучува нови напори за истражување, услуги и образование, меѓу кои:

Програма COMET - професионална обука за метеорологија, временски опасности, хидрологија, океанографија, управување со вонредни состојби и наука за животната средина Програма COSMIC - поддржува сателитски и копнени набљудувања и истражувања со помош на GPS технологија за метеорологија, клима и јоносферски студии Програма GLOBE - обезбедува практично, училишно учење и соработка со глобална мрежа на студенти, научници и едукатори Заедничка канцеларија за поддршка на науката - поддржува истражувања на заедницата, конференции и теренски проекти Ресурсен центар за национална научна дигитална библиотека и науки за дигитално учење Програма Unidata - обезбедува стриминг на набљудувачки податоци до универзитетските училници и истражувачите ширум светот Програми за посета на научници - места за постдокторски стипендисти и посета на научници во партнерските институции

Управување и финансирање Според податоците од 2016 година, УКАИ опфаќа 109 колеџи и универзитети членки и 52 меѓународни филијали. Организацијата има вкупно 1.390 вработени, вклучувајќи 877 во НЦАИ и 282 ангажирани лица во програмите за заедницата.

УКАИ и НЦАИ се со седиште во Болдер, Колорадо, распространети низ четири кампуси.

Претседатели на УКАИ претседател период Волтер Ор Робертс 1960 - 1974 година Френсис П. Бретертон 1974 - 1980 година Роберт Вајт 1980 - 1983 година Клифорд Мурино 1983 - 1988 година Ричард А. Антес 1988 - 2012 година Томас Богдан 2012 - 2015 година Мајкл Томпсон (привремен) 2015 - 2016 година Антонио Ј. Бусалачи 2016 -

Наводи

Надворешни врски

National Center for Atmospheric Research (NCAR) Категорија:Метеоролошки установи