Победник ― споменик во сместен во Белградската тврдина, изграден за да ја одбележи победата на Србија над Отоманската Империја и Австроунгарија за време на Балканските војни и Првата светска војна. Извајан во 1913 година, подигнат во 1928 година и е висок 14 м, тој е еден од најпознатите дела на Иван Мештровиќ. Тоа е исто така една од најпосетуваните и најпрепознатливи туристички знаменитости во Белград.

Станува збор за стоечка бронзена гола машка фигура со сокол во левата рака и меч во десната (како симболи на мирот и војната), моделирана од вајарот Иван Мештровиќ, поставена на пиедестал во облик на дорски столб на висока кубна основа, дизајнирана од архитектот Петар Бајаловиќ.CHPBI Documentation. Статуата гледа напред преку сливот на Сава и Дунав, и над огромната Панонска Низина, кон многу далечната планина Фрушка Гора (до 1918 година посед на Австроунгарија), споменикот е веројатно најмоќниот, најпопуларниот визуелен симбол на Белград.

Статуата била отстранета од колоната во октомври 2019 година заради поправка. Споменикот бил вратен на пиедесталот по реставрацијата на 14 февруари 2020 година.

Историја

Потекло Историјата на споменикот се враќа во периодот помеѓу 1913 и 1928 година, иако првичната идеја била родена во 1912 година, кога успехот на Србија во Првата балканска војна, вдахнал предлози за подигање споменик во Белград во чест на конечната победа над Османлиите. Во август 1913 година, градскиот совет на Белград донел одлука да го одбележи овој значаен настан со подигање на споменикот на Победата. На чело со градоначалникот Љубомир Давидовиќ, Советот одлучил да го преименува плоштадот Теразије и да ја изгради фонтаната со споменикот во него. Изградбата на споменикот му ја доделиле и на Мештровиќ, без архитектски конкурс.

Мештровиќ ја прифатил работата и брзо го претставил својот дизајн. Првичниот концепт бил монументална фонтана која требала да биде поставена во Теразије или тогашниот плоштад „Престолонаследник Александар“ наречен принцот Александар.Danijela Vanušić, “Podizanje spomenika Pobedi na Terazijama” Nasledje IX (Belgrade 2008), 193–210. Фонтаната требало да биде изградена од камен во облик на овален слив, со 8 м во дијаметар, потпирајќи се на грбот на четири лавови. Во средината на сливот требало да има мермерен столб надградена со 5 метарската статуа на „Победникот“. Според резолуциите на градскиот совет од 4 октомври 1913 година, Мештровиќ исто така требал да произведе дваесет маски за работ на басенот и педесет маски за столбот, сите во бронза. Колоната требала да има 5 сегменти, кои ќе претставуваат 5 века од османлиската окупација. На 19 октомври 1913 година управата на градот склучила договор со Мештровиќ и тој почнал да работи на фонтаната, но бидејќи бил австроунгарски поданик, морал да го напушти Белград на избувнувањето на Првата светска војна.

Изградба Позадинските информации за фонтаната и нејзиниот подробен опис се објавени од весникот „<i>Време</i>“:M. Popović, “Kako ce izgledati Meštrovićev Pobednik na Terazijama?”, Vreme, 12 May 1927. ...голем слив (школка) чија надворешна страна би била украсена со релјеф на кој се претставени воини на коњи во галоп. По должината на работ на школката ќе бидат поставени лавовски глави (од денешната млазна фонтана) кои испуштаат вода во школката. […] Столбот би бил опашан со раздвоени обрачи на кои би биле залепени турски маски за на глава, а секоја би исфрлала млаз вода во сливот доле...

За да ја заврши работата што побрзо, Мештровиќ го преселил студиото во Белград. Работел во полуподрумот на Основното училиште „Крал Петар I“ кај Соборната црква, всушност во училишната спортска сала. Поради големината на статуата, покривот на училиштето е делумно отстранет. За кратко време ја довршил фигурата на победникот и лавовите глави. Откако ги испрати во Бохемија на вајање, тој почнал да работи на големите релјефи на јавачи. Беа направени и скици за големите фигури на лавовите.

Статуата „Победник“ на Мештровиќ е направена во 1913 година, веднаш потоа и како продолжение, по концепт и стил, на циклусот скулптури наменети за неговиот голем проект за светилиште во спомен на Битката за Косово (Видовденски храм), кое вклучувало претставителни скулптури како Срѓа Злопоглеѓа, Милош Обилиќ и Крале Марко. Замислен како колосален атлетски гол маж поставен на висока колона, споменикот симболично ја претставува иконската фигура на победата. Во иконографска смисла, персонификацијата на триумфот на победничката држава може да биде проследено уште во антиката и нејзиниот митски јунак Херакле.

Потоа избувнала Првата светска војна. Австроунгарскиот ултиматум го принудило Мештровиќ да го напушти Белград и речиси сите завршни работи морале да бидат прекинати. За време на окупацијата од страна на австроунгарските и германските трупи, сè било уништено освен статуата „Победник“ и лавјите маски, кои биле отсутни во Бохемија на вајање. Точниот изглед на фонтаната е познат по фотографиите на првичните цртежи на Мештровиќ направени во неговото загрепско студио од вајарот Веселко Зориќ.M. Radošević, “Meštrovićevi crteži terazijske fontane”, Политика, 14 декември1988.

Проектот за подигање на фонтаната на Теразије бил обновен по Првата светска војна, но со расположливите средства можело да бида покриени само трошоците за вајање на маската на машкиот лик и лавјите маски.On the history of and the debate over the erection of the Victor monument after the First World War see Duško Kečkemet, Život Ivana Meštrovića 1883.–1962.–2002 (Загреб 2009), 437–443; Radina Vučetić-Mladenović, “Pobednik: polemike uoči postavljanja Meštrovićevog spomenika”, Godišnjak za društvenu istoriju VI:2 (1999), 110–123. Статуата пристигнала во Белград кон крајот на јули 1923 година и била складирана во складиште за водоводни цевки во населбата Сењак. Сепак, во 1923 година градскиот совет и Мештровиќ постигнале договор тој да го направи споменикот за на Теразије, но скулптурата останала во складиштето во следните 4 години.

Скандал Сепак, почетокот на подготовките за основањето на споменикот во мај 1927 година предизвикал јавна полемика. Јавноста го оспори поставувањето на споменикот на морална и уметничка основа. Поттикнати од авторот и правник Петар Одовиќ, започнала кампањата против споменикот. Одавиќ објавил напис во списанието Време, напаѓајќи ја скулптурата, тврдејќи дека таа го навредува моралот на чесните белградски дами, па како споменот на српските војници што требал да ги претставува, со тоа што немаше „симболи на српските војници“, како шајкачката или опинокот, и дека не претставува српски јунак, туку некој антички. Сепак, дизајнот бил поддржан од бројни членови на српската академија, како Богдан Поповиќ, Стеван Христиќ, Бранислав Петронијевиќ, Ксенија Атанасијевиќ, Зора Петровиќ, Бета Вукановиќ или Станислав Краков, но и од одредени женски организации и делови од свештенството. Поделбата меѓу јавноста, елитата и црквата наскоро добила политичка конотација. Имало разни, шеговити предлози, како предлогот за многувисок постамент да не му се гледа голотијата од земја или, бидејќи е веќе гол, да се стави во базен.

Својот збор го кажа и Мештровиќ:Gustav Krklec, “Sa g. Jovanom Dučićem u Zagrebu kod Ivana Meštrovića”, Политика, 14 јули 1927. Градскиот совет на Белград побара од мене согласност привремено да се постави „Победник“ во Теразије. Но, свесен дека нашето „привремено“ има тежнеење да трае предолго, склучив договор со белградскиот архитект Бајаловиќ за поцврст пиедестал за статуата. Советот, така слушнав, почна да работи. И потоа застана. Што имам да кажам? Ако имаат намера да ја постават статуата во Теразие нека ја постават. Ако нашле подобро место нека го постават таму. На крајот на краиштата, може и да остане таму каде што беше цело ова време - во барака. Што се однесува до мене, најдобро би сакал да имам можност да ја направам целата Фонтана како што беше првично замислена.

Особено гласни против тоа биле членовите на неколку женски организации. Тие сметале дека ставањето фигура на гол маж во средиштето на градот е „грубо“ и дека тоа ќе го наруши моралот на девојките. По многу полемики, дебати и критики, градскиот совет одлучил да не го постави споменикот во Теразије, туку да најде местоположба надвор од градот. Штом Коста Кумануди ја презел функцијата градоначалник на Град Белград во 1926 година, тој се заложи за проект за конечно да биде завршен. Град Белград службено го откупила споменикот. Исто така, дотогаш градот решил да ја отфрли фонтаната и лавјите глави во основата на споменикот поради парични причини. Комисијата за уметност, создадена од Град Белград, во септември 1927 година одлучила да го премести споменикот и да го постави „на сртот на стариот град Белград, на устието на Сава и Дунав“. Бидејќи Кумануди имал други должности во државната власт, ваквата одлука ја потврдил неговиот заменик Коста Јовановиќ, а Кумануди тогаш ниту бил запознаен ниту известен за тоа. Кумануди потоа го известил Мештровиќ дека подготвителната работа за поставување на споменикот е прекината спротивно на неговите упатства. Оваа одлука на градскиот совет се совпаднала со завршувањето на авенијата „Сава“ и Големите скали во паркот Калемегдан, како и со прославата на годишнината од пробивот на Македонскиот фронт. Во спомен одбележувањето на 10-годишнината од тој настан, на 7 октомври 1928 година скоро обновениот дел од авенијата „Сава“ бил инаугуриран и откриен споменикот „Победник“.

Понова историја Мерењата од 1989 година покажала дека „Победник“ делумно стои на насипот, а делумно на средновековниот бедем, поради што се навалува. Техничката документација за постаментот е изгубена, па Заводот за заштита на спомениците на културата направил сопствено истражување. Покажа дека јадрото на постаментот е од бетон, а однадвор е обложено со камен. Споменикот е делумно саниран во периодот 1989-1991 година. Во рамките на овој проект, во 1990 година бил исчистен од графитите и нечистотијата.

Во 1996 година, Институтот се обидел да ја подобри статичноста на споменикот и да го запре дополнителното навалување, но на крајот неуспешно. Биле зацврстени темелите и поставени се куповите за да биде спречено навалувањето. Сепак, споменикот не е целосно исправен и останал во делумно навалена положба, бидејќи куповите биле турнати во мекиот дел на бедемот и слегнувањето на теренот продолжило. Истражувањата во 2007-2009 година покажале дека е навален 0.8 мм.

Во 2015 година, кога биле вадени и заменувани скршените плочи во подножјето на статуата, било откриено дека земјата одоздола попушта. Мерењата биле спроведени и под платото била откриена подземна просторија, ископана во 1950-тите. Тоа ги одложило работите на самото плато, кои биле завршени во септември 2016 година: биле поставени новите мермерни плочи, како украсните светилки, додека проблемот со одведувањето на атмосферските води бил решен, но самиот споменик (и постаментот и скулптура) не биле обновени. Истата година Градежниот факултет на Универзитетот во Белград заклучил дека „навалувањето е постапка кој продолжува и не покажува знаци на забавување или запирање“.