Мерл Роналд Хагард (англиски; Merle Ronald Haggard; 6 април 1937 година - 6 април 2016) ― американски кантри-пејач, текстописец, гитарист и виолинист.

Мерл Хагард е роден 6 април 1937 година во Оилдејл, Калифорнија. Имал тешко детство по смртта на неговиот татко, а во младоста неколку пати бил во затвор. Откако бил ослободен од Државниот затвор Сан Квентин во 1960 година, Хагард успеал да го промени својот живот и започнал успешна кариера во кантри-музиката. Тој стекнал популарност со песните за работничката класа; некои негови песни содржеле стихови спротивни на бунтот против Виетнамската војна кои пак биле често застапени во популарната музика во тоа време. Во периодот од 1960-тите до 1980-тите, Хагард имал 38 песни кои се искачиле на прво место на топ-листите за кантри-музика во САД, а неколку од нив се пласирале и на Билбордовата топ-листа за сите жанрови. Хагард продолжил да издава успешни албуми и во 2000-тите.

Мерл Хагард добил многу награди и признанија за неговиот придонес во музиката, како: Признание од Кенедиевиот Центар (2010); Греми награда за животно дело (2006); награда „Икона на BMI“ (2006); и бил внесен во Куќата на славата на текстописците во Нешвил (1977); Куќата на славата на кантри музиката (1994) и Куќата на славата на музиката од Оклахома (1997 година).

Починал на 6 април 2016 година, на неговиот 79-ти роденден, на неговиот ранч во округот Шаста, Калифорнија, откако претходно заболел од двојна пневмонија.

Наводи

Надворешни врски

Фото-времеплов на неговиот живот RollingStone.com Мерл Хагард во Куќата на славата на кантри музиката

Категорија:Американски кантри-пејачи Категорија:Добитници на Греми за животно дело Категорија:Добитници на Греми Категорија:Американски кантри гитаристи Категорија:Починати во 2016 година Категорија:Родени во 1937 година Категорија:Американски кантри кантавтори Категорија:Починати од пневмонија Категорија:Американски активисти