Моника Зајкова (р. , Скопје) — македонска пратеничка во Собрание на Република Македонија и претседателка на Либерално-демократска партија.

Животопис Зајкова била родена во Скопје на 21 февруари 1991 година. Во 2016 година, завршила како магистер по правни науки, во областа на граѓанското право на Факултетот за правни науки при ФОН Универзитет, во 2017 година, положила правосуден испит. Во 2020 година, таа била избрана за пратеничка во Собрание на Република Македонија, од страна на ЛДП.

Во 2022 година, таа била избрана за претседателка на Либерално-демократска партија.

Наводи

Категорија:Политичари од Скопје Категорија:Македонски пратеници Категорија:Политичари на ЛДП Категорија:Луѓе со потекло од Кукуш