Ирма Чемошник (16 јануари 1916-29 јуни 1990) ― словенечка учителка, археолог и филолог главно позната по обемната археолошка работа на остатоците од римската ера на територијата на Босна и Херцеговина.
Животопис Чремошник е родена во Арад, Австроунгарија (сега Романија), во семејството на словенечкиот историчар Грегор Чемошник. Таа пораснала во Сараево каде нејзиниот татко работел во Националниот музеј на Босна и Херцеговина. По завршувањето на филолошките студии на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје, таа работела како професорка во гимназија, потоа станала кустос во музеј на уметност во Белград (1944–1947) и на крајот добила позиција во Националниот музеј на Босна и Херцеговина. Напоредно, таа докторирала археологија на Факултетот за уметности во Љубљана, докторирајќи во 1952 година. Работела во Националниот музеј до пензионирањето во 1976 година.
Таа водела бројни ископувања на античкоримски вили и населби на територијата на денешна Босна и Херцеговина, особено во Вишиќи кај Чапљина и во Паник кај Билеќа. Таа направила и значајни откритија од раното феудално раздобје на словенското населување во областа. Нејзините објавени дела се Mozaici i zidno slikarstvo rimskog doba („Мозаици и ѕидни слики од римската ера“; 1984). Дополнително, таа е заслужна за уредување и објавување на делови од наследството на нејзиниот татко.
Напишала неколку студии и книги (Мозаици и ѕидно сликарство од римската ера во Босна и Херцеговина, 1984).
Важно е да биде истакната нејзината работа за повоената реставрација на постојаната средновековна поставка. Истражувала голем број наоѓалишта - римски населби, средновековни наоѓалишта - на чии истражувања почиваат научните резултати на Ирма Чемошник, кои на многу начини ја збогатиле римската и средновековната археологија на Босна и Херцеговина.
Наводи
https://www.enciklopedija.hr/clanak/cremosnik-irma
https://www.facebook.com/zemaljskimuzej/photos/irma-%C4%8Dremo%C5%A1nikirma-%C4%8Dremo%C5%A1nik-je-svojim-nau%C4%8Dnim-djelom-ostavila-neizbrisiv-trag-u/10157214731714196/
Категорија:Родени во 1916 година Категорија:Починати во 1990 година Категорија:Луѓе од Арад Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Словенечки археолози Категорија:Југословенски археолози