Тома Караџиу (; 21 август 1925 – 4 март 1977 година) — романски театарски, телевизиски и филмски глумец.
Роден е во влашко семејство од Рупишта, Егејска Македонија на 21 август 1925 година. Тома Караџиу бил еден од најпознатите романски глумци, со богата дејност и во филмот и во театарот. Тој сакал да игра комични ликови, но се истакнал и во драмата, а еден од неговите референтни филмови е „ Actorul și Sălbaticii “. Играл покрај големите глумци како што се Штефан Баника, Octavian Cotescu, Anda Călugăreanu итн.
Тома Караџиу е најпознат по своите монолози. Во овие кратки раскази, тој успеал да состави приказни кои комбинираа сарказам, сатира и црн хумор. Неговите монолози биле суптилни и обработуваа различни теми, почнувајќи од политиката и завршувајќи со митски концепти. Во секој монолог додавал личен шмек на сценариото, создавајќи топла и хумористична атмосфера.
Загинал во Букурешт, за време на земјотресот од 4 март 1977 година . Погребан е на гробиштата Белу. Неговата прва сопруга била глумицата Марија Бондар, а втората Елена Бичман .
Караџиу имал две сестри, лингвистот Матилда Караџиу Мариочеану и скулпторката .
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Починати во 1977 година Категорија:Родени во 1925 година Категорија:Македонски Власи