Сузана Арундати Рој (; Шилонг, Индија, 24 ноември 1961) е индиска писателка и борец за човекови права. Нејзиниот најпознат роман е „Богот на малите нешта“, напишан во 1996 година, што ѝ донело светска слава.
Биографија Арундати Рој е индиска писателка родена во Шилонг на 24 ноември 1961 година. Студирала архитектура во Њу Делхи. Почнала да пишува во 1992 година. По четири години, го објавила својот прв роман Богот на малите нешта, кој веднаш го привлекол вниманието на јавноста и бил крунисан со Букеровата награда. Потоа објавила неколку новинарски дела и телевизиски и филмски сценарија. Таа целосно се посветила на активизмот и борбата за човекови права. Во 2017 го објавила романот Министерство за врвна среќа.
На македонски јазик се преведени нејзините дела „Богот на малите нешта“ (првпат во 1999 година) и „Министерство за врвна среќа“ (2019).
Стил на пишување Арундати Рој претставува разновидни ликови и ситуации кои се испреплетени во просторот и времето. Прикажува необични и интересни светови, реални и имагинарни. Тага и сериозност се гледаат низ редовите што ги напишала, но и хумор кој е префинет, ироничен, а понекогаш и саркастичен.
Значење и влијание Романот „Богот на малите нешта“ е мотив на краткиот расказ „Подвиткани книжевни опашки“ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска.Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 586-587.
Библиографија
Романи
Богот на малите нешта - 1996 година Министерство за врвна среќа - 2017 година
Новинарството
Алгебра на бесконечна правда Слушајќи ги скакулците Скршена република
Награди Во 1997 година романот Бог на малите нешта е награден со Букеровата награда.
Наводи
Надворешни врски Програма на БиБиСи библиографија во WorldCat Збирка вести и коментари на Арундати Рој
Категорија:Родени во 1961 година Категорија:Борци за човекови права Категорија:Индиски писатели Категорија:Добитници на Букеровата награда