Табачица — археолошко наоѓалиште во прилепското село Чумово. Претставува населба од раноантичкото и римското време.

Местоположба

Наоѓалиштето се наоѓа во непосредна близина на селото од северната страна.

Опис

На наоѓалиштето се најдени повеќе грчки и римски монети, како и една бронзена статуетка на богот Меркур. Видливи остатоци од темели на објекти, како и фрагменти од керамички садови и имбрекси. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Прилеп.

Поврзано Вирои — населба од доцноантичко време; Маломолци — населба од непознат период; Чумини Гробишта — некропола од непознат период; Чумово; и Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско.

Наводи

Категорија:Чумово