Каи Хаверц (роден на 11 јуни 1999 година, во Ахен) — германски фудбалер, играч од средниот ред или напаѓач на Арсенал и на германската репрезентација.

Откако ја завршил младинската академија на Бајер Леверкузен во 2016 година, Хаверц го направил своето сениорско деби за клубот истата година. Откако го направил своето деби, Хаверц станал најмладиот дебитант за клубот во Бундеслигата, а потоа станал и најмладиот стрелец во историјата на Бајер Леверкузен кога го постигнал својот прв гол следната година.

Во летото 2020 година, тој потпишал за Челси 84 милиони евра, со што станал вториот најскапо платен играч во историјата на Сините. Со Челси, Хаверц ги освоил Лигата на шампионите, Суперкупот на УЕФА и Светското клупско првенство, постигнувајќи ги победничките голови во финалето на Лигата на шампионите и Светското клупско првенство, додека асистирал за голот на соиграчот Хаким Зијеш во Суперкупот на УЕФА. Во летото 2023 година, тој потпишал за Арсенал.

Откако ја претставувал Германија во различни младински нивоа, Хаверц го имал своето деби за сениорската репрезентација во септември 2018 година, станувајќи првиот играч роден во 1999 година што ја претставувал репрезентацијата. Тој ја претставувал Германија на Европското првенство 2020 и на Светското првенство 2022.

Биографија Хаверц е роден во Ахен, Северна Рајна-Вестфалија. Тој пораснал во Маријадорф, област во Алсдорф, пред со семејството подоцна да се пресели во Ахен.

Каи е третото и најмалото дете на семејството Хаверц; неговиот татко е полицаец, додека неговата мајка адвокат. Тој има постар брат и сестра кои се викаат Јан и Леа.

Хаверц е во врска со германската манекенка и влијателка Софија Вебер од 2017 година.

Технички карактеристики Се смета за еден од најперспективните млади играчи во германскиот и меѓународниот фудбал, поради што често го споредуваат со многу успешните сонародници како Месут Езил и Михаел Балак, бидејќи уште од неговите рани години, тој се покажал како одличен толкувач во улогата на централен играч за врска, но претпочитајќи повеќе да напаѓа најчесто бил користен како офанзивен играч од средниот ред. Опремен со одлична поединечна техника, добар дриблинг а исклучителната визија за играта му помага да може да се користи и како „лажна деветка“. Неговата физика му овозможува да биде добар во издржувањето на стартови на противничките играчи и во задржувањето на топката.

Тој открил дека бил инспириран од неговиот сонародник Месут Езил.

Клупска кариера Почетоци Првото искуство со фудбалот Хаверц го имал на четиригодишна возраст кога се приклучил на аматерскиот клуб Алеманија Маријадорф, каде што неговиот дедо Ричард бил претседател на клубот. Во 2009 година, тој се преселил во Алеманија Ахен каде што поминал само една година во академијата на клубот пред да се приклучи на Бајер Леверкузен на 11-годишна возраст.

Бајер Леверкузен Хаверц го направил своето деби за првиот тим на Бајер Леверкузен на 15 октомври 2016 година, влегувајќи како замена во второто полувреме на местото на Чарлс Аранхуис во поразот со 2–1 од Вердер Бремен. По влегувањето на теренот, тој станал најмладиот дебитант на клубот во Бундеслигата, на возраст од 17 години и 126 дена, иако неговиот рекорд бил соборен (за 111 дена) од Флоријан Вирц во 2020 година. По суспензијата на турчинот Хакан Чалханоглу, почетниот офанзивен играч за врска на Бајер, Хаверц добил многу простор за игра: на 2 ноември 2016, тој дебитирал во Лигата на шампионите во натпревар против Тотенхем, додека на 2 април 2017 година го постигнал својот прв професионален гол во кариерата, во ремито 3-3 против Волфсбург во Бундеслигата. Со тоа, Хаверц соборил уште еден клупски рекорд и станал најмладиот стрелец на Леверкузен во Бундеслигата, на 17-годишна возраст. Во првата професионална сезона, Хаверц забележал 28 настапи во сите натпреварувања и постигнал четири гола, вклучувајќи ги и двата погодока против Херта во последното коло од сезоната, која за Леверкузен била разочарувачка завршувајќи на 12-тата позиција.

Основа на тимот, исто така, во сезоната 2017-2018, на 14 април 2018 година, Хаверц станал најмладиот играч во историјата на Бундеслигата кој стигнал до 50 настапи, на возраст од 18 години и 307 дена, соборувајќи го рекордот што претходно го држел Тимо Вернер. Во сезоната 2018-2019, тој го постигнал својот прв гол во европските натпреварувања, против Лудогорец на 20 септември 2018 година, во натпревар од Лига Европа добиен од германците со 3-2. На 26 јануари 2019 година, постигнувајќи гол против Волфсбург во победата од 3-0, тој станал најмладиот стрелец на гол од пенал во Бундеслигата во историјата на Леверкузен, со 19 години, 7 месеци и 16 дена. Сезоната ја затворил со 17 постигнати гола во Бундеслигата, што го направило играч под дваесет години со најмногу постигнати голови во една сезона во Бундеслигата. Исто така, тој завршил на второто место, единствено зад Марко Ројс, во рангирањето за наградата Германски фудбалер на годината.

Во сезоната 2019-2020 постигнал други важни резултати: на 17 август 2019 година, во првото коло од новото првенство со голот против Падерборн тој станал вториот најмлад играч кој постигнал 25 гола во Бундеслигата, по Хорст Кепел. Во декември, на возраст од 20 години, шест месеци и четири дена, тој соборил уште еден рекорд и станал најмладиот играч во историјата кој достигнал 100 настапи во Бундеслигата.

Челси

На 4 септември 2020 година, Хаверц потпишал петгодишен договор со Челси, во трансфер вреден 71 милион фунти, што го направило, во тоа време, второто најскапо засилување во историјата на клубот. Своето деби за Челси го имал на 14 септември во победата со 3-1 во Премиер лигата против Брајтон, додека неговите први голови за сините дошле во победата со 6-0 против Барнсли во третото коло на Лига купот на 23 септември. Во тој натпревар германецот го постигнал првиот хет-трик во кариерата. Својот прв гол во Премиер лигата го постигнал против Саутхемптон на 17 октомври, во ремито 3–3 на Стемфорд Бриџ. На 29 мај 2021 година, тој го постигнал единствениот гол на натпреварот во финалето на Лигата на шампионите со кој Челси го совладал Манчестер Сити и го освоил натпреварувањето по втор пат во клупската историја. Тоа воедно бил и неговиот прв гол во кариерата во Лигата на шампионите.

Последователно, на 11 август 2021 година, Челси го освоил Суперкупот на УЕФА против Виљареал по изведување пенали, иако Хаверц бил единствениот играч на сините кој промашил. На 12 февруари 2022 година, Хаверц постигнал нов решавачки погодок, овојпат од пенал во 117-тата минута од финалето на Светското клупско првенство против Палмеирас, кој завршил со победа на Челси од 2–1.

После слабата сезона 2022-2023, во која Челси го освоиле 12-тото место во Премиер лигата и испаднале рано во сите купови, раководството на клубот се одлучило за радикални промени во текот на летото 2023 година, продавајќи голем број на играчи меѓу кои и дел од скапо платените "ѕвезди" на тимот, како Хаверц; тој бил продаден на градскиот ривал Арсенал кон крајот на јуни 2023. Како причини за неговото заминување од Челси биле наведени разочарувачката последна сезона и доаѓањето на Кристофер Нкунку, играч со слични карактеристики како Хаверц.

Вкупно во дресот на Челси одиграл 139 натпревари и постигнал 32 гола.

Арсенал На 28 јуни 2023 година, Хаверц потпишал петгодишен договор со Арсенал, кој за неговите услуги му платил на Челси 65 милиони фунти. Своето деби за топџиите го направил на 6 август, во натпреварот од ФА Комјунити Шилд против Манчестер Сити, кој Арсенал го добил по изведување пенали со 4-1; Хаверц играл од почетокот до 87-мата минута. На 30 септември, Хаверц го постигнал својот прв гол за Арсенал, реализирајќи пенал во победата со 4–0 над . На 25 ноември, тој го постигнал својот прв гол од игра за Арсенал, победничкиот во успехот со 1–0 над Брентфорд. Четири дена подоцна, Хаверц го постигнал својот прв гол во Лигата на шампионите за сезоната во победата со 6-0 над Ланс. На 24 февруари 2024, тој за првпат во дресот на Арсенал постигнал два гола на еден натпревар, во победата со 4-1 над . Својот последен гол за сезоната во Премиер лигата, го постигнал во последното коло против одиграно на 19 мај, гол со кој на топџиите им донел победа од 2-1, но сепак недоволна клубот да го престигне директниот конкурент за титулата Манчестер Сити, кој на крајот го освоил првенството. Првата сезона со Арсенал ја завршил со вкупно 51 одигран натпревар и 14 постигнати гола.

Репрезентативна кариера Тој го направил своето деби за репрезентацијата на Германија под 19 години на 31 август 2017 година, против Швајцарија. На 4 октомври 2017 година, тој постигнал четири гола против Белорусија.

На 29 август 2018 година, тој го заработил својот прв повик во сениорска репрезентација. Своето деби го направил на 9 септември, во пријателски натпревар против Перу што завршил 2-1 за панцерите. На 9 октомври 2019 година, во својот шестти натпревар за репрезентацијата, тој го постигнал својот прв репрезентативен гол, во ремито 2-2 против Аргентина во друг пријателски натпревар.

На 19 мај 2021 година, тој бил избран во германскиот тим за Европското првенство 2020. На 19 јуни 2021 година, тој го постигнал третиот гол на Германија во 51-вата минута во победата со 4–2 над Португалија во вториот натпревар од групата. Неколку дена подоцна, тој постигнал гол и во последниот натпревар од групата во ремито 2-2 против Унгарија, со што неговата земја се квалификувала за нокаут фазата, но таму биле елиминирни уште во осминафиналето од Англија.

Во ноември 2022 година, бил избран за Светското првенство 2022 во Катар. На 1 декември, тој постигнал два гола во победата со 4–2 над Костарика, недоволно за Германија да ја мине групната фаза.

Хронологија на репрезентативните настапи

Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 8 декември 2022. Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2016-2017 Бајер Леверкузен 1Б 24 4 КГ 1 0 ЛШ 3 0 - - - 28 4 2017-2018 1Б 30 3 КГ 5 1 - - - - - - 35 4 2018-2019 1Б 34 17 КГ 2 0 ЛЕ 6 3 - - - 42 20 2019-2020 1Б 30 12 КГ 5 2 ЛШ+ЛЕ 5+5 0+4 - - - 45 18Вкупно Бајер Леверкузен 118 36 13 3 19 7 - - 150 462020-2021 ПЛ 27 4 ФАКуп+ЛК 5+1 1+3 ЛШ 12 1 - - - 45 92021-2022 ПЛ 29 8 ФАКуп+ЛК 3+3 0+2 ЛШ 9 3 СУ+Скп 1+2 0+1 47 14 2022-2023 ПЛ 35 7 ФАКуп+ЛК 1+1 0 ЛШ 10 2 - - - 47 9 Вкупно Челси 91 19 14 6 31 6 3 1 139 322023-2024 ПЛ 34 12 ФАКуп+ЛК 1+2 0 ЛШ 10 1 КШ 1 0 48 13Вкупно во кариерата 242 67 30 9 60 14 4 1 336 91

Рекорди Бајер Леверкузен Најмлад стрелец во Бундеслигата во историјата на клубот: 17 години и 295 дена</small>

Хет-трикови Хет-триковиДатаМестоЕкипаПротивникГоловиРезултатНатпреварување1 23/09/2020 Стемфорд Бриџ, Лондон 12px|Гол 12px|Гол 12px|Гол 6 - 0 Лига куп на Англија 2020-2021

Титули Клупски Челси УЕФА Лига на шампиони : 1 2020-2021 Суперкуп на УЕФА : 1 2021 Светско клупско првенство : 1 2021

Арсенал Премиер лига на Англија : 1 2025-2026 ФА Комјунити Шилд : 1 2026

Поединечни Тим на сезоната на Бундеслигата: 2018–2019 Тим на сезоната на УЕФА Лига Европа: 2019–2020

Наводи

Надворешни врски

Каи Хаверц на soccerway Каи Хаверц на transfermarkt Каи Хаверц на espn Каи Хаверц на whoscored

Категорија:Фудбалери на ФК Баер Леверкузен Категорија:Фудбалери на ФК Челзи Категорија:Фудбалери на ФК Арсенал Категорија:Живи луѓе Категорија:Германски фудбалери Категорија:Родени во 1999 година Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2026