Кркулка — археолошко наоѓалиште во прилепското село Дрен. Тоа е населба од римското време. На 2 км југоисточно од селото, на површина од околу 200 квадратни метри се среќаваат траги од објекти градени од кршен камен и варов малтер. По површината има грамади од градежен материјал, фрагменти од тегули, имбрекси и друго.
Поврзано Грамаѓе — населба од доцноантичкото време; Џиџево — населба од римското време; Селиште — населба од римското време; Торово Трло — населба од доцноантичкото време; Св. Илија — црква од непознат период; Дрен (Прилепско); Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско;
Наводи
Категорија:Дрен (Прилепско)