Скот Рамон Сиџуро Мескади (англ. Scott Ramon Seguro Mescudi; роден на 30 јануари 1984), познат и по неговото естрадно име Кид Кади (англ. Kid Cudi; порано стилизирано како KiD CuDi) ― американски рапер, пејач, текстописец, музички продуцент, глумец и моден творец. Го привлекол вниманието на публиката со песната „Day 'n' Nite“, која ја објавил на неговата страница на Мајспејс и која веднаш станала хит на интернет. Дополнителна популарност стекнал со неговиот прв миксиран албум под наслов A Kid Named Cudi (2008). Кон крајот на 2008 година, Кади потпишал договор со издавачката куќа од раперот Кање Вест, GOOD Music.

Во 2009 година го издал неговиот прв студиски албум, Man on the Moon: The End of Day. Кади, во 2011 година, заедно со неговиот долгогодишен соработник и продуцент Dot da Genius, ја основал рок-групата WZRD; нивниот истоимен прв албум објавен во 2012 година дебитирал на врвот на Билбордовата топ-листа за рок-албуми.

Во 2018 година, Кади и Кање Вест го основале дуото Kids See Ghosts и истата година издале албум со исто име. Неговиот сингл од 2020 година, „The Scotts“ (во соработка со Тревис Скот) станала негова прва песна која се искачила на врвот на Billboard Hot 100.

Кади, исто така, основал свои издавачки подружници: сега веќе непостоечката Dream On и неговата дискографска куќа од 2011 година, Wicked Awesome Records. Кади глумечката кариера ја започнал во серијата на HBO Како да се направи тоа во Америка во 2010 година и потоа имал улоги во филмовите Goodbye World (2013), Need for Speed (2014), Entourage (2015), Bill & Ted Face the Music (2020), Не гледај нагоре (2021) и Икс (2022). Во 2021 година бил објавен документарниот филм за неговата музичка кариера под наслов „Човек по име Скот“. Во модата и манекенството, Кади соработувал на кампањи за Џузепе Заноти, Вирџил Аблох, A Bathing Ape, Coach New York, Адидас, Келвин Клајн и Levi Strauss & Co., а во 2022 година лансира сопствена линија на облека.

Кади се смета за влијателна фигура во современата хип-хоп-музика. Неговите стихови најчесто се автобиографски и пее за неговите искуства од детството: депресија, осаменост и отуѓеност; за неговата борба со дрогата во подоцнежните години и опфаќал теми за: духовност, скршено срце, дисипацијата и прославувањето. Тој е познат по експериментирањето во музиката и неговите композиции содржат елементи на психоделија, R&B, електроника, синт-поп, денс, хаус, панк и инди-рок. Кади продал над 22 милиони примероци еквивалентни на албум во САД и освоил две Греми награди. Соработувал со музичари од најразлични жанрови, имено: Џеј-Зи, Дрејк, Еминем, Кендрик Ламар, Дејвид Гета, Шакира, Аријана Гранде и Мајкл Болтон.

Детство и образование Скот Рамон Сиџуро Мескади е роден на 30 јануари 1984 година во во Кливленд. Неговата мајка била наставник во средно училиште, а татко му бил сликар, заменски наставник и ветеран во воздухопловните сили за време на Втората светска војна. Кога Мескади имал единаесет години, неговиот татко починал од рак. Бил избркан од средното училиште затоа што му се заканал на директорот, но подоцна вонредно добил диплома за завршено средно образование. Се запишал на Универзитетот во Толедо, но ги прекинал студиите по една година.

Музичка кариера

2003–2008: Почетоци мини| Кид Кади настапува на Самерстејџ во Њујорк во јули 2008 година Кади почнал да рапува во 2003 година, а бил инспириран од алтернативните хип-хоп-групи: Pharcyde и A Tribe Called Quest. Во 2005 година се преселил во Њујорк за да ја продолжи музичката кариера. Во 2006 година, Кади во продавницата за плочи Virgin Megastore, случајно налетал на неговиот иден ментор, раперот и музички продуцент Кање Вест. Тој се претставил и му понуди на Вест дел од неговата музика.

Во 2007 година, Кид Кади на неговата страница на Мајспејс ја поставил песната „Day 'n' Nite“, која потоа станала хит на интернет. Ова дело го привлекло вниманието на тогашниот менаџер на Вест, Plain Pat, кој подоцна истата година го натерал Вест преку неговата дискографска куќа GOOD Music да потпише договор со Кади. Во јули 2008 година, Кид Кади го издал неговиот прв микс, A Kid Named Cudi.

2009–2010: Издавање на албумите Man on the Moon и Man on the Moon II мини| Кади настапува на МТV во август 2009 година Првиот албум на Кади, Man on the Moon: The End of Day, бил издаден на 15 септември 2009 година. Водечкиот сингл од албумот „Day 'n' Nite“, најголем комерцијален успех на Кид Кади дотогаш, се пласирал на топ листите во САД и во Европа. Втор објавен сингл бил „Make Her Say“ (оригинално насловен „I Poke Her Face“ и во соработка со Кање Вест и раперот Common), кој содржел семплови од хит-синглот од Лејди Гага „Poker Face“. Албумот наишол на пофалби од музичките критичари и доста добро се продавал; албумот добил четирикратно платинест сертификат од Здружението на музичките сниматели на Америка (RIAA). За неговите синглови „Day 'n' Nite“ и „Make Her Say“ Кид Кади бил номиниран за три Греми награди во 2010 година. лево|мини| Кади во април 2010 г Во јануари 2010 година, Кади го издал синглот „Pursuit of Happiness“ (во соработка со MGMT и Ratatat), трет и последен сингл од албумот „Man on the Moon: The End of Day“; синглот добил дијамантски (10× платина) сертификат од RIAA.

Неговиот втор студиски албум Man on the Moon II: The Legend of Mr. Rager бил издаден на 9 ноември 2010 година и бил продолжение на неговиот прв студиски албум. Албумот добил претежно позитивни критики од критичарите поради неговата разновидна промена на звукот и континуираната тематика на албумот. Од албумот биле објавени сингловите: „"Erase Me“ (со Кање Вест) и насловната песна од албумот „Mr. Rager.

2011–2012: Основање на групата WZRD мини| Кади настапува на Глобал денс фестивал во 2011 година во Колорадо Во октомври 2010 година, Куди објавил дека ќе основа рок-група со неговиот соработник Dot da Genius, привремено наречена Wizard. Името на групата било инспирирано од истоимената песна на британската хеви-метал-група Блек Сабат. Кади двапати го менувал името на групата; во април 2011 година во 2 Be Continuum, и рекол: „Ми требаше нешто пооригинално, нешто поинакво...“. Втор пат тоа се случило во ноември 2011 година, кога групата го добила денешното име WZRD (се изговара: даблју-зи-ар-ди). Првиот албум на групата, WZRD, бил издаден во февруари 2012 година. Албумот стигнал до трето место на американската Билборд 200 топ-листа и се искачил на врвот на Билбордовата топ-листа за рок-албуми.

2012–2013: Издавање на албумот Indicud и напуштање на GOOD Music Неговиот самопродуциран трет албум, Indicud (2013) се искачил на второто место на Билборд 200. Водечки сингл од албумот бил платинестиот сингл „Just What I Am“ (во соработка со Кинг Чип). Било најавено дека албумот ќе биде објавен на почетокот од 2013 година, а Кади се насочил на снимање филмови. Потоа следувал третиот дел од серијата Man on the Moon.

На 2 април 2013 година, Кид Кади објавил дека повеќе не е под договор со дискографската куќа од Кање Вест, GOOD Music. Тој навел дека тие пријателски се разделиле, дека Вест ја почитувал неговата одлука и дека дека тој секогаш ќе биде неговиот „поголем брат“. Одлуката на Кади да продолжи без Вест, било неговата потреба да се фокусира на неговата дискографска куќа, Wicked Awesome Records, која ја основал со неговиот пријател и колега, раперот Кинг Чип.

2014–2016: Експериментални албуми На 25 февруари 2014 година, Кади го објавил албумот Satellite Flight: The Journey to Mother Moon. Албумот добил мешани критики. Кади изјавил дека албумот е увертира за Man on the Moon III: The Chosen.

На 1 август 2015 година, Кади го издал „Confused!“, водечки сингл од неговиот петти албум Speedin' Bullet 2 Heaven. Албумот бил издаден на 4 декември 2015 година и како алтернативен рок-албум жанровски целосно отстапувал од сите негови претходни изданија, со исклучок на WZRD објавен од истоимената група на која тој бил член. Албумот добил мешани критики и се искачил до 36-тото место на американската Билборд 200 топ-листа, со што станал негов албум со најнизок пласман на топ-листата дотогаш.

2016–Денес: Подоцнежни изданија и основање на дуото Kids See Ghosts Неговиот шести студиски албум, Passion, Pain & Demon Slayin (2016), за разлика од неговите експериментални албуми бил подобро примен од критиката. Албумот бил поддржан од водечкиот сингл „Surfin“ (со Фарел Вилијамс) и „Frequency".

Во 2018 година, Кади и Кање Вест основале дуо под името Kids See Ghosts и заедно го продуцирале албумот Kids See Ghosts, кој бил издаден на 8 јуни 2018 година. Албумот бил пофален од критичарите.

На 24 април 2020 година, Кади соработувал со Тревис Скот и под името The Scotts ја објавиле истоимената песна, „The Scotts“. Песната дебитирала на врвот на Billboard Hot 100 топ-листата и станала прв хит-сингл од Кади на прво место во САД.

На 11 декември 2020 година, Кади го објавил албумот Man on the Moon III: The Chosen, последен дел од неговата серија-албуми Man on the Moon. Тематски, Man on the Moon III бил концептен албум во кој Кади е во внатрешна борба против неговото злобно алтер-его, г-дин Раџер во надеж дека ќе успее да си го врати мирот и сопствената среќа. Како и претходните два дела од трилогијата, албумот бил поделен на посебни делови.

Man on the Moon III: The Chosen, добил претежно позитивни критики од музичките критичари, кои ги пофалиле стиховите на Кади и најчесто ги фаворизирале последните два дела од албумот. Албумот дебитирал на второ место на Билборд 200.

Човекот со име Скот, документарен филм во режија на Роберт Александар, бил објавен на 5 ноември 2021 година и се однесува на музичката кариера на Скот Мескади (вистинското име на Кид Кади). Насловот на филмот потсеќа на микстејпот со кој Кади се пробил на музичката сцена „A Kid Named Cudi“.

На 3 декември 2021 година, била објавена соработката помеѓу Кади и американската поп-пејачка Аријана Гранде, под наслов „Just Look Up“, како промоција за филмот „Не гледај нагоре“, во кој глумеле и двајцата. Истиот месец, Man on the Moon III: The Chosen го соборил рекордот за најголема продажба на винил за една недела за машки изведувач и за рап-албум во историјата на Нилсен.

По објавувањето на албумот Entergalactic на 30 септември 2022, албумот дебитирал на 13-тото место на американската Билборд 200 топ-листа. Истоимениот ТВ-специјал добил просечна оцена од 8,20/10 на веб-страницата за филмски критики Rotten Tomatoes, при што 96% од 28 критичари позитивно го оцениле филмот.

Во 2024 година ги објавил албумите: Insano и неговото продолжение Insano (Nitro Mega).

Глумечка кариера

2010–2019: Први појавувања и помали улоги Во 2010 година, Кид Кади се појавил како гостин во американската телевизиска драма Три Хилl, во која ја испеал неговата песна „Ease Me“. Од 2010 до 2011 година, Кид Кади (под името Скот Мескади) глумел во хумористичната серија на HBO „Како да се направи тоа во Америка“ (How to Make It in America). На 31 октомври 2010 година, Кид Куди објавил краток филм под името Манијак, во режија на Шиа Лабоф, во кој тој и американскиот рапер Кејџ, глумат сериски убијци кои зборуваат француски. Филмот бил инспириран од истоимената песна на Кади, од неговиот албум „Man on the Moon II“ од 2010 година и е омаж на белгиската крими-комедија од 1992 година, „Се случи близу твојот дом“ (француски: C'est arrivé près de chez vous). Во мај 2012 година, Канје Вест, на Канскиот филмски фестивал премиерно го претставил краткиот филм во негова режија, под наслов Сурово лето (Cruel Summer). Кид Кади го глуми главниот лик кој е „крадец на автомобили кој се вљубува во слепа арапска принцеза“.