десно|мини|250x250пкс| Албин Егер-Линц, Сејачот и ѓаволот, околу 1923 година. Парабола за каколот (исто така и Парабола за житото и каколот) — една од најпознатите Исусови алегориски параболи, која раскажува за човек чиј непријател посеал какол во неговите житни посеви.

Забележана е во канонското Евангелие според Матеј и во неканонското Евангелие според Тома. Кај Матеј, ја следи параболата за сејачот, а и претходи на параболата за синаповото семе.

Според наравоучението, таа е слична на параболата за мрежата, која исто така говори за одвојувањето на добрите од лошите на судниот ден .

Парабола

Според Матеј Евангелието според Тома ја наведува следнава Исусова парабола:

Според Тома Евангелието според Тома ја наведува следнава Исусова парабола:

Контекст Грчкиот збор обично преведен како плевел или какол е зизанија (грч. ζιζάνια), множина од зизанион (ζιζάνιον). Се смета дека овој збор означува Lolium temulentum,Liddell H G and Scott R, A Greek-English Lexicon, Clarendon Press, Oxford, 1843–1996, одредница "ζιζάνια". Множинскиот облик (zizania) во модерно време е прифатен као ботанички назив за плевелот (англ. ryegrass) која изгледа доста слично на пченицата во раната фаза на развој.

Толкувања десно|мини|251x251пкс| Фелисјен Ропс, Сатаната сее семе, околу 1872 година.

Според Матеј Матеј бележи дека првото толкување на оваа парабола го дал самиот Исус. По завршување на проповедта, ги оставил луѓето и се повлекол во куќата, каде што им ја објаснил параболата на учениците:

Подоцнежни толкувања Иако Исус прави разлика помеѓу „синовите на царството“ и оние што не се, разликата можеби не е секогаш очигледна, како што наговестува параболата за квасот.R. T. France, The Gospel According to Matthew: An introduction and commentary, Eerdmans. Само судниот ден ќе биде пресвртница, кога ќе заврши периодот на тајното растење на Божјото Царство заедно со активностите на несветите и ќе осамне нова доба.

Августин напоменува дека невидливата разлика помеѓу „житото“ и „каколот“ се провлекува и низ Црквата:

Верска толеранција Параболата за каколот често се наведува како поддршка на верската толеранција. Епископот Вазо од Лиеж (околу 985 - 1048 ) се потпира на оваа приказна Richard Landes, "The Birth of Heresy: A Millennial Phenomenon," Journal of Religious History 24.1 (2000): 26 -43 http://www.bu.edu/mille/people/rlpages/TheBirthofHeresy.html Accessed December 13, 2010 докажувајќи дека „црквата треба да дозволи различноста да расте заедно со правоверноста додека Господ не дојде да ги раздели“." Jeffrey Burton Russell, Dissent and Order in the Middle Ages: The Search for Legitimate Authority (New York: Twayne Publishers 1992). стр. 23

Во својата проповед, вдахновена од Исусовата парабола, Мартин Лутер нè потсетува дека само Бог може да ги одвои лажните од вистинските верници и нагласува дека убивањето на еретиците или неверниците става крај на секоја можност за нивно спасение:

Роџер Вилијамс (околу 1603–1683), баптистички теолог и основач на Род Ајленд, ја користел оваа парабола за да ја поддржи толеранцијата на владата кон сите „каколи“ во светот, бидејќи прогонството често му наштетило на „житото“. Вилијамс верувал дека Божја должност е да суди на крајот, а не човечка.James P. Byrd, The challenges of Roger Williams: religious liberty, violent persecution, and the Bible (Mercer University Press, 2002) (accessed on Google Book on July 20, 2009) Џон Милтон, во Ареопагитика (1644), исто така се осврнува на параболата бранејќи ја слободата на говорот и осудувајќи го обидот на Парламентот да го цензурира печатот:

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Исусови параболи