мини|Урнатини од градба изградена од грчките доселеници, веројатно црква. мини|Остатоци од куќа во Тисово. Тисово (, Маврохори; до 1927 г. Τίσοβα, Тисова) — поранешно село во Драмско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Неврокоп во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Сè до 1920-тите било населено со Македонци муслимани.

Географија Селото е се наоѓа во областа Чеч, на југозападните планини на Родопите. Лежи на околу 1,5 км од левиот брег на Почанска Река (Тисовска Река, Мождјан Дере), близу границата со Бугарија спроти неврокопските села Брштен и Туховишта. На другата страна на реката на помалку од 1 км се наоѓа селото Почан. Тисово се состоело од две маала — Парпелско (поново) и Циропско (постаро), каде според едно предание живеел ајдутинот Мехмед Синап. Циропското Маало е сместено на главниот римски пат од Тракија за Драма и Солун и крај него има стар римски мост. Во месноста Сливено има урнатини од стара тврдина. Парпелското Маало се наоѓа на околу 300 м на североисток од Циропското, на едно восвишение крај реката. Од западната и от источната страна на селото има два врва, високи 1.282 и 1.343 метри.

Историја

Во Отоманското Царство Селото за првпат се спомнува во османлиски подробен регистар од 1464-65 г. како Тисина заедно со Папелова (Горно и Долно Пепелово се исчезнати села јужно од Тисово). Заведени се 1 муслиманско и 31 немуслиманско домаќинства, како и 6 ергени немуслимани и 4 вдовици. Во подробен регистар од 1478-1479 г. по име се набројани главите на домаќинства во Тисово (Тисова) и Папил, вака: 85 немуслимани, 6 ергени и 4 вдовици - вкупно 95 домаќинства. Во скратен регистар за ливата Паша од 1519 г. селото Тисово (Тисова) е запишано вака - немуслимани: 46 домаќинства, ергени - 9, вдовици - 5.Радушев, стр. 58 Во скратен регистар од 1530 г. Тисово (Тишова) се води со муслимани: 2 домаќинства, ергени - 1; немуслимани: 37 домаќинства, ергени - 6; вдовици - 4.Радушев, стр. 127 Во подробен регистар на санџакот Паша од 1569-70 г. даночно обврзаното население на Тисово е претставено вака: муслимани - 3 семејства; немуслимани - 141 семејство, 92 ергени и 5 вдовици. Забележано е дека во селото имало леарниица за железо. Во список од 13 март 1660 г. селото Тисово (Тисова) имало 15 даночно обврзани домаќинства. Во подробен регистар за собирањето на данокот авариз од Неврокопската Каза за 1723 г. Тисово (Тисова) имало 16 муслимански домаќинства.Радушев, стр. 240

Во XIX век Тисово било македонско муслиманско село во Неврокопската Каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Тисово (Tissovo) било село со 50 домаќинства на 140 жители Македонци муслимани.Нарекувајќи ги „Помаци“. Според Васил К’нчов Тисово имало 200 куќи, е најголемо село во Чеч, и во него има неделен пазар. Населението се занимавало со лозарство во плодната долина на Тисовска Река и абаџиство.Васил Кънчов. „Пътуване по долините на Струма, Места и Брегалница. Битолско, Преспа и Охридско“, Избрани произведения. Том I. Издателство „Наука и изкуство“, София 1970, стр.268 Во 1900 г. населението на Тисово се состоело од 400 жители Македонци муслимани. Според Стефан Верковиќ кон крајот на XIX век Тисово имало машко население од 162 Македонци муслимани кои живееле во 50 куќи.

Во Грција По Втората балканска војна во 1913 г. истото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. По податоци на БПЦ, кон крајот на 1912 и почетокот на 1913 г. во Тисово живееле 148 семејства со вкупно 791 жител. Според грчка статистика, во 1913 г. во Тисово (Τίσοβα, Тисова) живееле 682 лица.. Во 1920 г. населението се намалило на 405 лица.

Во 1923 г. жителите на Тисово како муслимани се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор и сместени во гратчето Мал Самоков (Демирќој). Во 1924 г. во селото се доведени грчки колонисти од Турција. До 1928 г. во Тисово се доселиле 47 лица (15 семејства) грчки дојденци. На 1 април 1927 г. селото е преименувано во Маврохорион, во превод црно село. Во 1928 г. селото имало 187 жители (од кои 40 војници од пограничниот гарнизон).

Во 1940 г. во Тисово живееле 87 лица (вклучувајќи околу 20 војници). Селото е иселено за време на Граѓанската војна (1946 - 1949) и не било обновено.

Остатоци од селото Край селото има сточарска фарма и мала база за сеча на дрта. Се забележуваат темелите на десетици куќи, а поновите градби подигнати од грчките доселеници по 1923 г. (црква, училиште и касарна) се распознаваат по повисоките ѕидови, бетонските одливки и специфичната декоративна ѕидарија на темелите. Од грчките дојденци остаал и еден христијански гроб од 1934 г. Муслиманските гробишта се познаваат по по сплеснатите плочи од двете страни на влдабнатините кај селото. Селската чешма е срушена, а од нејзиниот извор се снабдува сточарската фарма.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Историски села во Неврокоп (Егејска Македонија) Категорија:Чеч