Свети Илија () — парохиска црква кај селото Равна, Касандриско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Ерисовско-светогорско-ардамерската епархија на Цариградската патријаршија.
Храмот е сместен на рид во југоисточниот дел на селото. Изграден е во 1810 г. според керамопластичниот крст вграден во јужниот ѕид. Меѓутоа, ова се однесува на постариот храм, кој бил наполно уништен при задушувањето на Халкидичкото востание во 1821 г. и обновен во 1835 г.
Градбата претставува трикорабна базилика со дрвен покрив, со подоцна надворешна припрата на западната и делумно на северната страна и женска црква. На север има еднокорабен параклис „Св. Четириесет Маченици“ и нова камбанарија.
Во внатрешноста има стар резбан инвентар, како и насликан дрвен таван.
Црквата има вредни икони од XIX век, дело на мајстори од Галачишката школа, меѓу кои е чудотворната икона „Пресвета Богородица Патеводителка“. Се чуваат вкупно 94 вредни икони, едни царски двери, 50 старопечатени книги и 4 литургиски предмети.
Поврзано Ерисовско-светогорско-ардамерска епархија
Наводи
Илија, Равна Илија, Равна Категорија:Дела на Галачишката школа Категорија:Појавено во 1810 година