250px|right|thumb|Сцена од романот „Сон во црвената одаја“ од Цао Сјуеќин, насликана од Сјуe Бао, 1810.
Сон во црвената одаја (紅樓夢; 红楼梦) го напишал Цао Сјуеќин (1722-1763). Тоа е роман за Чјинг (династија).
Романот е наменет да биде спомен на жените што ги познавал во младоста: пријатели, роднини и слугинки. На подлабоко ниво, авторот истражува религиозни и филозофски прашања, а стилот на пишување вклучува одгласи на драми и романи на покојниот Минг, како и поезија од претходните периоди.
Содржина Романот детално го опишува семејниот клан Џија и неговите две гранки, куќите Ронгуо и Нингуо. Овие семејства се сместени во големи куќи во главниот град. Нивните предци биле војводи. На почетокот на романот, обете куќи им припаѓаат на најпочитуваните семејства во градот. Опишано е нивното богатство и влијание, кое трае сè додека не се случи конфликт со царот. После тоа, нивните куќи се ограбени и конфискувани, а се случуваат и злосторства. Кон крајот на романот, нивната ситуација полека се подобрува. Една од главните теми на романот е љубовен триаголник. Главниот лик Џија Баоју е заљубен во својата роднина Лин Даи, но сепак се жени содруга роднина, Сјуе Баоцаи. Нивната љубовна приказна завршува трагично.
Поврзано Четири класични романи
Наводи
Категорија:Кинески романи Категорија:Кинеска книжевност