Цвета Тасевска родена Аџиева ( во , Костурско — ) — македонски партизан, борец во грчката граѓанска војна и членка на групата Костурчанки.
Животопис
Семејство Таа била учесник во Народноослободителната борба и во Граѓанската војна во Грција, во која како партизан загинал нејзиниот брат. И таа имала горчлива судбината по капитулацијата на ДАГ. Нејзиниот сопруг заедно со нивните две деца се нашол во Југославија, а таа останала зад граница. Кај своето семејство дошла дури во 1952 година.
Костурчанки Таа била една од иницијаторите за формирањето на групата „Костурчанки”. На Балканскиот фестивал во Охрид (1971), со Киља Шмагранова го „фаќале квасот”. Двете учествувале во изведувањето на тој обичај и на „Илинденските денови” во Битола (1971). Со групата гостувала во неколку места во СФРЈ и во Белгија. Поради домашни причини, од групата се повлекла во 1973 година.
Наводи
Категорија:Членови на ДАГ Категорија:Членови на Костурчанки