thumb|right|250px|Авантурите на Дигимон, сезона 1 Дигимон или Авантурите на Дигимон исто така позната како Дигимон: Дигитални чудовишта 1 сезона во англиското говорно подрачје, е аниме-серија од 1999 година. Таа е и прва аниме серија од Дигимон франшизмата.

„Дигимон" започнал со изработка 1,5 месец по продукцијата на истоимениот филм, а започнала да се емитува во Јапонија еден ден по прикажувањето на филмот во кино на 7 март 1999 година, и се прикажувала до март 2000 година. По серијата, следувал филмот од 2000 година „Авантурите на Дигимон:Нашата војна!" . И двата филма биле адаптирани и објавени во Северна Америка како „Филмот Дигимон" на 6 октомври 2000 година.

Со успехот на Авантурите на Дигимон, следело продолжението на телевизиската серија „Авантурите на Дигимон 2", која се емитувала од 2000 до 2001 година. За 15-годишнината од серијата, филмски серијал од шест дела со наслов „Авантурите на Дигимон 3". бил прикажуван помеѓу 2015 и 2018 година. Последниот филм со наслов „Авантурите на Дигимон: Последна авантура Кузина" бил објавен во 2020 година. Во 2020 година, серијата била реадаптирана и прикажана под истото име „Авантурите на Дигимон" .

Содржина На 1 август 1999 година, седум деца се транспортирани во Дигиталниот свет од страна на Дигиапаратите кои се појавиле пред нив во летниот камп, и тие таму се спријателуваат со неколку Дигимони (Дигитални чудовишта). Детските Дигиапарати му помагаат на нивиниот Дигимон да дигиеволуира во посилна форми и да се бори против лошите дигимони. Додека децата се обидуваат да најдат пат да се вратат дома, тие откриваат дека тие се деца избрани да го спасат Дигиталниот свет. За време на нивниот престој во Дигисветот нив ги напаѓа Девимон, кој користи црни запчаници за да ги направи добрите Дигимони во лоши и да ја нападне групата. Откако ќе го поразат Девимон, децата ги контактира Генај кој им дава инструкции да стигнат до опслужувачкиот континент за да ги вратат артефактите наречени Гребени, а нивините дигимони да дигиeволуираат во нови форми. За сето тоа време тие се на мета на Етемон.

Откако Етемон е поразен, децата дознаваат од Генаи дека има и осмо дете како нив, за кое лошиот дигимон Миотизмон влегува во реалниот свет да го убие. Децата исто така се враќаат во реалниот свет. Откако ќе откријат дека осмото дете е помладата сестра на Таи, Кари, и дека нејзиниот Дигимон е Гатомон, децата успеваат да го поразат Миотизмон. Сепак, границите помеѓу реалниот свет и дигиталниот свет се вкрстуваат, принудувајќи ги да се вратат во Дигиталниот свет.

Децата и нивните дигимони сега се соочуваат со Темните мајстори, квартет од мега-ниво злобни Дигимони кои секој од нив презема контрола врз дел од Дигиталниот свет. За време на нивната битка, тие дознаваат дека дека не го спасат дигиталниот свет тој ќе се вкрсти со нивниот свет и ќе ги уништи двата светови. Децата и нивните дигимони на крај се соочуваат со последниот Темен господар Апокалимон кој се обидува да ги уништи двата света. Апокалимон ги уништува нивните дигиапараите, но тие сфаќаат дека моќта не била во нивните дигиапарати туку била во нив целото време и успеваат да го победат. Со обновувањето на Дигиталниот свет, Таи и неговите пријатели се збогувааат со своите Дигимон пријатели во Дигимон светот и се враќаат во нивниот свет.

Развој Во 1999 година, бил објавен краток филм заснован на виртуелните миленичиња наречен „Авантурите на Дигимон". Меѓутоа, набргу по прикажувањето на приказната за филмот во 1998 година, од продуцентите на Toei Animation било побарано да го преработат во телевизиска серија.

Дизајните на ликовите на децата во серијата беа креирани од Кацујоши Накацуру. Имињата на ликовите се засноваат на канџи поврзани со среќата.

Медиуми

Аниме Авантурите на Дигимон бил продуциран од Toei Animation и се емитувал во 54 епизоди на Fuji TV помеѓу 7 март 1999 година и 26 март 2000 година. Главната песна со која започнува серијата за сите епизоди што се емитуваат во Јапонија е „Butter-Fly “ од Kōji Wada, која се искачила на #47 на неделната табела за синглови на Орикон . „I Wish“ од AiM се користила како песна со која завршувале епизодите 1-26, додека „Keep On“, петтиот сингл на AiM, била песната со која завршувале епизодите 27-54. Серијата исто така користи три вметнати песни: „Храбро срце“ од Ајуми Мијазаки како тема на Дигиволуција, „Седум“ од Коџи Вада, и од Тошико Фуџита, гласовна глумица на Таи. На 1 август 2014 година, за време на 15-годишнината од серијата, била најавена Blu-ray диск од оригиналната серија и била поставена за издавање во Јапонија на 15 март 2015 година.

Saban Entertainment ја земала лиценцата за серијата во Северна Америка и направила своја верзија на англиски јазик под наслов Дигимон: Дигитални чудовишта, премиерно прикажана на Fox Kids Network на 14 август 1999 година. Серијата се емитувала и во Канада на YTV . Англиската верзија имала посебна песна за отворање на епизодите и исто така биле сменети имињата на ликовите, како и промени кои се однесуваат на одредени аспекти, како насилството за да ја направи серијата посоодветна за помладата публика. Оригиналниот саундтрак за серијата бил заменет со музика компонирана од Уди Харпаз и Шуки Леви. Почетната песна за сите епизоди е „Песната на Дигимоните“ од Пол Гордон . „Здраво Дигимон“ од Гордон, била вметната како песна во сцени од серијата и била објавена на оригиналниот саундтрак на Филмот Дигимон заедно со „Песната на Дигимоните“.

Филмови Неколку кратки филмови базирани на серијата била прикажани во кината во Јапонија. Филмот Авантурите на дигимон првично бил прикажан на 6 март 1999 година. Содржината на приказната се фокусира на Таи и Кари кои пронаоѓаат Диги-јајце од нивниот компјутер, кое се изведува и брзо дигиволвира, кулминирајќи во битка. Филмот заработил 650 милиони ¥ .

Авантурите на Дигимон: Нашата воена игра! првично бил прикажан на 4 март 2000 година. Во филмот, децата наоѓаат вирус Дигимон кој го инфицира Интернетот. Филмот воведува ДНК Дигиволуција. Филмот заработил 2,166 милијарди ¥ . Авантурите на Дигимон: Нашата воена игра! подоцна послужил како инспирација за филмот Летни војни на режисерот Мамору Хосода .

Два кратки филма биле комбинирани од Авантурите на Дигмон 2 дел; Дигимон хуриканско летување/ Дел 2: Врховна еволуција!! Златните дигиментали и биле објавени како еден филм, Филмот Дигимон во Северна Америка на 6 октомври 2000 година. Дигимон: Филмот имал измени од оригиналното сценарио за да се отстранат „културно незгодните“ јапонски елементи и вовело шеги погодни за северноамериканската публика.

Видео игри Ликовите и дигимоните од „Авантурите на Дигимон" се појавуваат низ многу видео игри засновани на франшизата, како што е „Дигимон борбената арена" .

Игра со улоги заснована на оригиналната приказна за „Авантурите на Дигимон" била развиена од Prope и објавена од Namco Bandai Games, исто така со име „Авантурите на Дигимон", а била објавена за PlayStation Portable на 17 јануари 2013 година, и била дел од линијата на видео игри во чест на 15-годишнината на франшизмата. Играта ја опфаќа целата серија, како и вториот јапонски филм „Бокура невоена игра", и во неа се враќаат да играат улога сите главни гласовни актери.

Прием Во своето првично издание, серијата забележа прилично голем успех во Соединетите Американски Држави. Кога првпат била објавена во Северна Америка, серијата се гледала како обид да биде конкуренција и да го имитира успехот на франшизмата Покемон. Списанието Entertainment Weekly го прогласила Дигимон како „Најлошиот обид за вкрстување на покемони во комјутерска мрежа“ во 2000 година. Сепак, публиката на крајот забележа дека во споредба со Покемон, ликовите комуницирале и се развивале реално, а имало и интеграцијата на покомплицирани научнофанатастични приказни и општествени теми. Постепено се подобрувала и англискиот синхронизација,  правејќи се помалку и помалку измени на јапонскиот оригинал во подоцнежните епизоди. Како резултат на тоа, многу млади гледачи брзо престанале да го гледаат Покемон и наместо тоа почнале да го гледаат Дигимон .

И покрај критиките, Дигимон се нашол на првото место на почетокот на прикажувањето на рејтингот на Нилсен во мај 2000 година, надминувајќи го „Покемон: Авантурите на Портокаловите Острови" кај гледачите на возраст од 2-11 и 6-11 години. Компаниите и бизнисите како што се компанијата за храна за ужина Jel Sert и синџирот продавници за играчки Toys "R" Us ја искористиле популарноста на серијата со тоа што промовирале свои производи од Дигимон серијата.

Белешки

Наводи

Надворешни врски

Официјална веб страна Официјална веб-страница на продолжението

Категорија:Филмови од 2009 година Категорија:Филмови од 2000 година Категорија:Филмови од 1999 година Категорија:Статии со извори на јапонски (ja) Категорија:Статии со текст на јапонски Категорија:Аниме Категорија:Анимирани телевизиски серии Категорија:Јапонски анимирани филмови