Хункос или Хумкос (, Хумнико; до 1927 г. Χούμκος, Хумкос) — село во Нигритско, Егејска Македонија, денес во општината Визалтија на Серскиот Округ, Грција. Населението брои 132 жители (2021).
Географија и местоположба Селото се наоѓа во Серско Поле, околу 9 км југоисточно од гратчето Нигрита и на 4 км западно од селото Џинџос, на надморска височина од 150 м.
Историја
Во Отоманското Царство Во XIX век Хункос било грчко село во Серската Каза на Серскиот Санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Хумкос (Houmkos) имало 134 домаќинства со 25 жители муслимани и 390 жители Грци.
Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Хункос:Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Хункос имало 600 жители Грци. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Хункос имало 700 Грци и во селото работело грчко училиште.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото 710 жители, кои во 1920 г. се зголемиле на 785 лица. Во 1927 година, името на селото било променето во Хумнико (Χουμνικό).
Стопанство Населението одгледува тутун, жито и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарството.
Население
Самоуправа и политика Во 1920 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 55,2 квадратни километри. Општината Хункос била приклучена во општината Тахино во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Визалтија.
Селото припаѓа на општинската единица Тахино со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Визалтија, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Хункос, во кој влегува и селото Сајта.
Културни и природни знаменитости Цркви
Црква „Св. Ѓорѓи“ — парохиски храм, изграден во 1753 г.
Наводи
Категорија:Визалтија