Јован Костов - Вано ( во — во ) — спортист, член на Соколското друштво од Кавадарци.

Животопис По завршувањето на основното образование работел како шеќерџија во сопствениот дуќан. Во 1921 година заминал во Крушевац каде што работел како винар во фабриката Рубин. Во младоста многу го сакал спортот особено гимнастиката. Бил сокол - предњак во Соколското друштво во Кавадарци. Учествувал на голем број натпревари со соколското друштво, а бил носител на многу награди и признанија. Како сокол учествувал и на поголем број слетови во земјата и во странство (Софија, Прага итн.).

Во 1936 година кога олимпискиот оган минувал низ Југославија, Вано Костов како врвен спортист трчал со факелот на олимпискиот оган, а факелот се чува и денес во неговото семејство. Во 1963 година еден е од основачите на винарската визба Повардарие, каде работи до неговото пензионирање. Починал во Кавадарци во 1987 година.

Поврзано

Ило Костов

Наводи

Категорија:Соколски спорт