мини|Илија Коцевски - Јанко Илија Коцевски - Јанко (14 ноември 1918 во ) — македонски партизан, член на Народноослободителната војска на Македонија, носител на Партизанска споменица 1941.
Потекнува од семејството Поп Ѓорѓиеви и е четврто од петте деца на Глигор и Лефтерија.
Животопис Потекнувал од земјоделско семејство. Завршил основно училиште во Ваташа, а прогимназија во Кавадарци. Во младинското и револуционерното движење во своето родно село се вклучил по иницијатива на Ристо Џунов со кого биле врсници. Во 1941 година станал член на СКОЈ. Бил вклучен во сите активности на ваташката револуционерна организација околу подготовките за исфрлање на партизански одред.
Во мај 1943 година бил меѓу првите борци на тиквешкиот партизански одред „Добри Даскалов”. На 14 мај како член на една десетина учествувал во првата акција на одредот во селото Ресава во која имало судир со бугарската полиција. По војната работел во Министерството за внатрешни работи на Македонија. Носител е на Партизанска споменица 1941 година. мини мини|Кралска морнарица - брод БЕОГРАД
Наводи
Категорија:Родени во 1918 година Категорија:Починати во 2002 година Категорија:Починати во Скопје Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Носители на Партизанска споменица од 1941