Герасим Матаков ( во — во ) — македонски партизан, учесник во Народноослободителната војска на Македонија. Едно од стреланите деца во Масакрот во Ваташа.
Животопис По занимање бил слаткар, а неговите родители имале дуќан на сред село. Тоа овозможувало нивниот дуќан да биде собиралиште на ваташките младинци. Станува член на скоевската организација во октомври 1941 година. Пројавува голема активност во времето кога се вршеле подготовките за исфрлање на тиквешкиот партизански одред „Добри Даскалов”.
Во почетокот на мај 1943 година тој со своите другари ги прифаќаат и префрлуваат борците од неготинско до Моклишкиот манастир од каде заминале за Вишешница. На 15 јуни 1943 година Герасим Матаков заедно со: Илчо Димов, Пане Џунов, Блаже Ицев, Данко Дафков, Ванчо Гурев и Ристо Ѓондев биле во близина на колибата на Блажо Чекоров, каде што имало една група партизани од одредот „Добри Даскалов”. Младинците од раководството на одредот побарале да заминат во партизани, но тоа нивно барање било одбиено.
Масакрот на ваташките деца мини|259x259пкс|Телата на младинците од Ваташа, после масакрот извршен од Бугарските фашистички сили.
Таквата нивна активност не останала незабележана од страна на бугарските фашисти. Поради неговата револуционерна дејност на 16 јуни 1943 година (на 6-тиот роденденот на Симеон II - син на Царот Борис III) Герасим е приведен во кафаната на Васил Хаџи Јорданов заедно со уште 15 мина младинци и младинки од Ваташа. Истиот ден во месноста "Моклиште" тој е стрелан заедно со единаесетмината свои другари.
Поврзано
Масакрот во Ваташа Лена Матакова Јованова
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна Категорија:Масакри врз Македонци Категорија:Масакри во Македонија