Пане Мешков ( во — во ) — македонски партизан, учесник во Народноослободителната војска на Македонија. Едно од стреланите деца во Масакрот во Ваташа.
Животопис Бил ученик во шести клас во кавадаречката гимназија. Во напредното младинско движење се вклучил уште во 1941 година, а во октомври истата година станал и член на Скоевската организација. Во неговата скоевска ќелија членувале уште: Ристо Ѓондев, Перо Видев, Ката Видева, Станка Коцева и Трајана Андова.
Заедно со членовите на својата група извршувале многу задачи поставени од страна на партиската организација. Кога кон крајот на 1942 година во атарот на село Ваташа престојувале дел од борците на велешкиот партизански одред „Димитар Влахов”, Пане Мешков заедно со Наќо Ангелов - Рочко и Пане Џунов биле одредени да извесно време се грижат околу сместувањето и исхраната на борците од овој одред.
Масакрот на ваташките деца мини|259x259пкс|Телата на младинците од Ваташа, после масакрот извршен од Бугарските фашистички сили.
За време на јунската непријателска офанзива, Пане Мешков како активен и организиран член на напредното движење бил уапсен од бугарската полиција и на 16 јуни 1943 (на 6-тиот роденденот на Симеон II - син на Царот Борис III) година стрелан во месноста „Моклиште”, со уште 11-мина младинци од Ваташа.
Поврзано
Масакрот во Ваташа Бугарска офанзива во Тиквешијата Наќо Мешков д-р Диме Мешков д-р Илија Мешков
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна Категорија:Масакри врз Македонци Категорија:Масакри во Македонија