Д-р Александар Хаџи Јорданов ( во — во ) — македонски медицински работник.
Животопис Основно образование завршил во Ваташа, а гимназија во Велико Градиште и Крагуевац. По завршување на Втората светска војна се запишал на Медицинскиот факултет во Белград, каде што и дипломирал во 1952 година. Како лекар по општа пракса работел во Неготино и Демир Капија, а од 1955 до 1959 година специјализирал гинекологија во Скопје. Кога се вратил работел како лекар специјалист гинеколог во Кавадарци, се до неговото пензионирање во 1987 година.
Награди и признанија мини|227x227пкс|Орден заслуга за народ со сребрена ѕвезда. За време на неговиот работен век имал добиено голем број награди и признанија, како од организацијата во која работел, така и од градот Кавадарци. Најзначајни се: „Наградата Орден заслуги за народ со сребрен венец” и највисокото општинско признание наградата 7 Септември. Починал во Кавадарци во 2001 година.
Наводи
Категорија:Медицински лица Категорија:Македонски гинеколози