мини| Трохејски тетраметар во Магбет Трохеј или хореј — поетска стапка во метриката што се состои од нагласен (акцентиран) слог проследен со ненагласен, во квалитативна метрика, како што се среќава во англискиот јазик и во модерната лингвистика, или во квантитативна метрика, како што се среќава во латинскиот и старогрчкиот, тежок слог проследен со лесен (исто така опишан како долг слог проследен со краток). Во овој поглед, трохејот е обратен на јамбот. Така латинскиот збор „таму“, поради кратко-долгиот ритам, во латинските метрички проучувања се смета за јамб, но бидејќи е нагласен првиот слог, во модерната лингвистика се смета за трохеј.

Обликот на придавката е трохејски. Замиот збор трохеј на македонски јазик е трохејски бидејќи се состои од нагласен слог „тро“ што го следи ненагласен слог „хеј“

Друго име што порано се користело за трохеј е хореј.

Етимологија Трохеј доаѓа од францускиот , адаптиран од латинскиот , по потекло од грчкиот (), 'тркало', од фразата (), буквално „стапало за трчање“,Trochee, Etymology Online (retrieved 23 July 2015) се поврзува со зборот , „Јас трчам“. Поретко употребуваниот збор хореј доаѓа од , , 'танц'. И двата збора го пренесуваат „тркалачкиот“ ритам на оваа метричка стапка.

Имало добро воспоставена древна традиција дека трохејскиот ритам е побрз од јампскиот.A.M. Devine, Laurence Stephens, The Prosody of Greek Speech, p. 116. Кога се користи во драма, често се поврзува со живи ситуации. Еден древен коментатор забележува дека е именуван според метафората луѓе кои трчаат () и римскиот метричар Мариус Викторинус забележува дека е именуван според неговото трчање и брзина ().

Примери Македонските двосложни зборови се трохеи, па за постигнување трохеј во стихот се користат двосложни зборови.

Бол/ка бо/ли — бол/ка го/ри, (нагласен – ненагласен – нагласен – ненагласен) бол/ка пе/че — ду/ша мо/ри, (а болката) ко/га све/ти — теш/ко, теш/ко, теш/ко кле/ти!

(„Елегии за тебе“ – К. Рацин)

Поврзано Римска поезија Грчка поезија

Наводи

Категорија:Фонологија Категорија:Метрика Категорија:Ритмички стапки Категорија:Галицизми Категорија:Грцизми