Ружа Анѓел или Ружа Анџел ( во — во ) — учесник во НОВ на Македонија, една од жртвите во Холокаустот.
Животопис мини|Список на листата број 25, депортирани од Скопје Бидејќи целото нејзино семејство учествувало во заднината на НОД од првите денови на вооруженото востание, таа била вклучена во сите акции на илегалното движење во градот. Во 1942 година била член на симпатизерска група и собирала народна помош. Во нејзиниот дом се одржувале илегални состаноци. Во март 1943 година од страна на бугарскиот фашистички окупатор, била депортирана во концентрациониот логор Треблинка (Полска), каде била задушена во гасна комора. Нејзиното име и членовите на нејзиното семејство се наоѓале на Список на листата број 25, депортирани од Скопје.
Поврзано
Депортација на Евреите од Македонија
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна