десно|мини|248x248пкс| Кралството Галиција–Волинија (1245 — 1349). Лев I Галициски или Лев Данилович (; — ок. 1301) — крал на Рутенија, принц од Белц (1245 — 1264), Перемишл, Галиција (1264 — 1269) и Киев (1271 — 1301).

Му бил син на кралот Даниел Галициски и неговата прва сопруга, Ана Мстиславна Смоленскаја (ќерка на Мстислав Мстиславич Храбриот). Како негов татко, Лев бил член на високиот огранок на потомците на Владимир II Мономах.

Владеење Лев го преселил главниот град на неговиот татко од Галич во новооснованиот град Лавов. Овој град го добил неговото име од неговиот основач, таткото на Лев, кралот Даниел Галициски. Во 1247 година, Лев се оженил со Констанца, ќерка на Бела IV Унгарски. За разлика од неговиот татко, кој следел западен политички курс, Лев тесно соработувал со Монголите и заедно со нив ја нападнал Полска. Меѓутоа, иако неговите трупи ограбиле територии на запад до Раќибуж во Шлезија, испраќајќи многу заробеници и многу плен назад во Галиција, Лев на крајот не добил голема територија од Полска. Тој негувал особено близок сојуз со Татарот Ногај-кан. Тој, исто така, се обидел, неуспешно, да воспостави владеење на неговото семејство над Литванија. Набргу откако неговиот помлад брат Шварн се искачил на литванскиот престол во 1267 година, Лев го организирал убиството на Големиот војвода од Литванија Вајшвилкас. Откако Шварн го изгубил престолот во 1269 година, Лев влегол во судир со Литванија. Во 1274–1276 година, тој водел војна со новиот литвански владетел —Трајденис — но бил поразен. Литванија ја припоила територијата на Црна Рутенија со нејзиниот град Навахрудак.

Во 1279 година, Лав се здружил со кралот Венцеслав II Чешки и ја нападнал Полска. Неговиот обид да го заземе Краков во 1280 година завршил неуспешно. Меѓутоа, истата година, Лев го поразил Кралството Унгарија и привремено припоил дел од Карпатска Рутенија, вклучувајќи го и градот Мукачево. Во времето на смртта на Лев во 1301 година, државата Галиција-Волинија била на врвот на својата моќ.

Брак и деца Лев I се оженил со Констанца Унгарска, ќерка на Бела IV Унгарски и Марија Ласкарина. Имале три деца:

Јуриј I Галициски (24 април 1252/1257 – 18 март 1308 година). Свјатослава Лвовна (починала во 1302 година), калуѓерка Анастазија Лвовна (починала на 12 март 1335 година), се омажила за Земовит Добжински.

Надворешни врски

Lev Danylovych at the Encyclopedia of Ukraine, vol. 3 (1993).

Категорија:Несигурна година на смрт Категорија:Несигурна година на раѓање Категорија:Починати во 1300-тите Категорија:Родени во 1220-тите Категорија:Семејство Романовичи Категорија:Кралеви на Рутенија