Драган Кирјаков Цанков (; 9 ноември 1828, Свиштов — Софија, 24 март 1911) — истакнат русофилски политичар од Бугарија. Цанков служел како третиот премиер на Бугарија. Во рани години Цанков се сметал како русофоб но после окупацијата на Бугарија од страна на руската армија за време на руско-турската војна Цанков почнал да соработува со владата и станал голем русофил. За време на Стамболов бил прогонуван од државата заради тоа што активно работел за Русија како агент и шпион додека претходно си ја злоупотребувал позицијата како премиер на Бугарија.
Животопис
Ран живот и образование Роден е во градот Свиштов. Цанков првично работел како државен службеник во администрацијата на Отоманското Царство, кој во 1850-тите бил голем подржувач на хеленофилската грчко-католичка црква во Бугарија како дел од католичката пропаганда во државата.Richard J. Crampton, Bulgaria 1878–1918 A History, New York: Columbia University Press, 1983, p. 13 Неговиот весник „Бугарија“ почнало издание во Истанбул во 1859 година и ги застапувал неговите религиозни позиции. Финансиран од Франција, весникот тврди дека унијата со Рим е единственото решение за Бугарија. Цанков верувал во вакви гледишта заради тоа што бил образован од Исусовците, заради тоа во 1861 година помогнал да се формира бугарската грчко-католичка црква.
Политичка кариера Подоцна тој станал тесно поврзан со движењето на независност од Отоманското Царство. Цанков првично бил против русофилското Априлското востание заради тоа што бил русофоб во рани години, но набрзо го сменил мислењето и почнал да се активира во поддршка на независноста. Тој служел како заменик на Најден Геров во управата на Свиштов во краткиот период на руската администрација во Бугарија како русофил. Водечка фигура во обидот кон независност, тој станал почитуван како глас на умерениот либерализам, бидејќи бил подготвен да работи со конзервативците по 1879 година.
По неколку неуспешни обиди да се формирало администрација предводена од конзервативците, Цанков бил назначен за премиер на 7 април 1880 година со големи планови за реформи. Неговите нови реформи, кои вклучуваат формирање на милиција, ограничени права за муслиманите и обидот да се ограничи моќта на Бугарската православна црква, го вознемирило Александар I Батенберг, кој се грижел дека можело да почне либерална револуција. Следеле низа на надворешно политички грешки поврзани со односите со Австро-Унгарија (во голема мера предизвикани од недостатокот на комуникација меѓу Цанков и царот) и неговото министерство било принудено да поднесе оставка пред да истече годината.
Во 1881 година, царот на Бугарија водел државен удар каде што го уништил собранието на Бугарија и посакал да го сменил Трновскиот устав во негови интереси. Цанков бил против идеите на Батенберг. Сепак, неуспехот на военото владеење го принудил Александар да ја врати старата влада, при што Цанков се врати како премиер на 19 септември 1883 година на чело на коалициска влада. Второто владеење на Цанков се сметало за претежно преодно, а исто така било и раздело на Либералната партија, при што Петко Каравелов добил голема поддршка.
На крајот тој бил разрешен од функцијата премиер и заменет со Каравелов во 1884 година. За време на неговото владеење се декларирал како краен русофил и дека би соработувал со Русија, во најавата го користел русофилскиот термин „Дедо Иван“ при спомнувајќи Русија. Цанков исто така пробал да ја русофицира државата при неговото владеење преку компромизи со Александар I Батенберг, делумно имале успех додека некој не станале закон.
Прогонство во Русија Во 9 август 1886 година учествува во русофилскиот државен удар против царот Александар Батенберг. Заради нејзинот успех кога истакнатиот русофоб Стефан Стамболов станал премиер на државата, тој го уапсил Цанков заради тоа што бил русофил и против царот на државата. Бил прогонет од државата за десет години заради неговите русофилски чувства. После прогонувањето се преселува во Русија продолжил да работи против Стамболов и кнезот Фердинанд I, кога се вратил во Бугарија во 1895 година формира нова прогресивна либерална партија со русофилски гледишта, помеѓу 1901 до 1903 година бил пратеник на собранието на Бугарија. Во 11 март 1911 година во Софија починува.
Во 2022 година за време на руската инвазија на Украина имало движење помеѓу некој граѓани во Софија да го смениле името на булеварот „Драган Цанков“ во булевар „Хероите на Украина“ заради големите русофилски гледишта на Цанков, движењето било неуспешно.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Луѓе од Свиштов Категорија:Починати во Софија Категорија:Членови на БАН Категорија:Родени во 1828 година Категорија:Починати во 1911 година Категорија:Русофили Категорија:Премиери на Бугарија