Видово (, Видохова или Vidovë, Видова) — село во општината Девол на Горичката област, југоисточна Албанија.

Географија и местоположба Селото се наоѓа во горното течение на реката Девол, во мала котлина помеѓу планините Грамошта и Морава, околу 18 км југоисточно од градот Горица, на надморска височина од 1.055 м. Сместено е во непосредна близина на границата со Грција, западно од поранешното село Калевишта во Костурско.Видово (781236) — GeoNames

Историја Од името на селото се гледа дека првично било македонско. Во даночните записници од средината на XV век Видохово е споменато со 19 глави на семејства и двајца неженети: Андрија, Михал, Алекса, Стефан, Јано, Јован, Дабижив, Мирко, Домнико, Јорг, Стефан, Калпак, Леко, Никола, Папа Димитри, Никола, Димитри, Новак, Тодор и една вдовица Мара. Вкупниот приход за државата од селото изнесувал 1.283 акчиња.Опширни пописни дефтери од XV век, том II, Архив на Македонија, Скопје 1973, стр. 104.

Според преданијата на старите слимничани Вангел Пржинков, Пандо Главиновски, Чомо Терзицки и Вангеле Синатковски, запишани по Граѓанската војна, повеќето семејства на селото водат потекло од Епир и од селата Чета, Ситница, Видово и други места кои денес во Албанија.

Во XIX век Видово било албанско село во Костурската Каза на Горичкиот Санџак. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Видово имало 550 жители Албанци.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Видово е чисто турско село во Костурската Каза со 80 куќи. Истовремено се појавува и Видохово како чисто албанско село со 75 куќи во Горичката Каза. Најверојатно се работи за исто село, но со податоци основани од разни извори.

Грчка статистика од 1905 г. погрешно го претставува Видово како турско село со 650 жители. Во 1920 г. селото броело 644 лица.Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Vidova .

На етничката карта на Костурското братство од 1912 г. Видово е означено како албанско село.

Сè до 2015 г. селото било во состав на Општина Божиград.

Општествени установи

Основно училиште „Абдил Јашари“

Културни и природни знаменитости Џамии

Џамија — главна селска џамија

Наводи

Категорија:Девол