Бета Големо Куче (β Canis Majoris, скратено Beta CMa, β CMa), исто така наречена Мирзам ) — ѕвезда во јужното соѕвездие на Големо Куче, која се наоѓа на растојание од околу 500 светлосни години (150 парсеци) од Сонцето. Во современото соѕвездие ѕвездата се наоѓа на положба на предната нога на кучето.
Номенклатура Бета Големо Куче претставува бајерова ознака на ѕвездата. Традиционалните имиња Мирзам, ел-Мурзим или Мурзим, потекнуваат од арапското (مرزم) за „најава“ и веројатно се однесува на нејзината положба, најавувајќи (т.е. издигнување пред) ја Сириус на ноќното небо. Во 2016 година, Меѓународниот астрономски сојуз организирал Работна група за имиња на ѕвезди (РГИЅ) за да ги каталогизира и стандардизира соодветните имиња за ѕвездите. Првиот билтен на РГИЅ од јули 2016 година вклучувал табела со првите две серии на имиња одобрени од РГИЅ; во кој бил вклучен и Мирзам.
На кинески, што значи „Пазар за војници“, се однесува на астеризам кој се состои од β Големо Куче, Nu3 Големо Куче, 15 Големо Куче, Пи Големо Куче, Омикрон 1 Големо Куче и Xi1 Големо Куче. Следствено, самата β Големо Куче е позната како или во превод на македонски: Првата ѕвезда од пазарот на војници.
Данхуанговата вездена карта ја забележила β Големо Куче како Јеџи „Фазански петел“, иако се наоѓала на околу 10 степени предалеку северно од нејзината правилна позиција.
Бета Големо Куче била наречена Оупо од народите во Туамоту.
Својства +Циклуси на пулсирање Фреквенција (ден −1 ) Амплитуда (км/сек.−1 ) 3,9793 2.7 3,9995 2.6 4.1832 0,7 Мирзам е променлива ѕвезда од типот на Бета Кефеј која варира во привидна величина помеѓу +1,97 и +2,01 во период од шест часа, промена во осветленоста која е премногу мала за да се забележи со голо око. Ја покажува оваа варијација во сјајноста поради периодичните пулсирања во нејзината надворешна обвивка, кои следат сложена шема со три различни циклуси; сите во должина од околу шест часа. Двете доминантни фреквенции на пулсирање имаат комбиниран период на отчукување од околу 50 денови. Најсилниот режим на пулсирање е радијален прв призвук, додека вториот е нерадијален.
лево|мини| Светлосна крива за ѕвезда Бета Големо Куче, нацртана од податоците на Хипаркос Оваа ѕвезда има маса од околу 12-13 пати поголема од Сончевата маса со 7,4 или 8,2 пати поголема од Сончевиот полупречник. Делотворната температура на надворешната обвивка на ѕвездата е околу 24.700 К, што е многу повисоко од Сонцето на 5.778 К. Енергијата емитирана на високата температура на првата е она што и дава на оваа ѕвезда синобела нијанса карактеристична за ѕвезда од типот Б. Проценетата возраст на Мирзам е ,, што е доволно долго за ѕвезда со оваа маса да еволуирала во џиновска ѕвезда. Ѕвездената класификација на Б1 II-III покажува дека спектарот се совпаѓа со ѕвезда дел помеѓу џиновска ѕвезда и светлиот џин. Оваа ѕвезда има вртежен период од 13,6 денови и е наклонета 57.6 °.
Бета Големо Куче се наоѓа блиску до крајниот крај на Месниот меур, шуплина во меснатамеѓуѕвездена средина низ која патува Сонцето. Се наоѓа во Мирзамовиот тунел, регион со помалку густа концентрација помеѓу ѕвездите и регионите HII што ги опкружуваат групите Ори OB1 и Вел OB2. Бета Големо Куче била најсветлата ѕвезда на ноќното небо пред околу четири милиони години, достигнувајќи го својот врв со привидна светлинска величина од -3,65, или повеќе од седум пати посветла од Сириус денес.
Во културата Мирзам се појавува на знамето на Бразил, симболизирајќи ја државата Амапа.
<i id="mw2Q">Мурзим</i> (АК-95) бил товарен брод од класата Кратер на морнарицата на САД именуван по едно од алтернативните традиционални имиња на ѕвездата. Наводи
Извори
Категорија:HIP-објекти Категорија:Тела од Бонскиот преглед Категорија:HR-објекти Категорија:HD-објекти Категорија:Флемстидови објекти Категорија:Именувани ѕвезди Категорија:Месен Меур Категорија:Бета-кефеиди Категорија:Големо Куче (соѕвездие) Категорија:Бело-сини џинови Категорија:Бајерови објекти Категорија:Врски за Wayback од предлошката „Семарх“