Вечерта на 13 јуни, 1943 година кога македонскиот поет и револуционер Кочо Рацин се враќал од тогашниот главен штаб на НОВ и ПО во Македонија до главната база на мавровскиот гостиварски партизански одред „Кораб“ во планината Лопушник бил стрелан од страна на мијачкиот револуционер и партизан Мино Миновски. Миновски го застрелал Рацин користејќи постар модел на пушка, имал само еден куршум и успешно го погодил Рацин во стомакот. После два часа загинал.„Живот и време. Автобиографија“ (декември 1973) од Мино Миновски, стр. 335-337„Рацин на Лопушник и неговата смрт“ (1972) од Митре Инадевски, стр 97-99

Смртта на поетот и револуционерот е еден од најистакнати моменти во народната ослободителна војна во Македонија, но сепак смртта се уште е оспорена помеѓу историчари од македонската историографија, некој сметаат дека стрелањето било несреќа од страна на Миновски и дека Рацин бил глув, додека друга страна е убедена дека смртта била злонамерно организирана од Страхил Гигов којшто го изолирал Рацин политички од Комунистичката партија на Југославија и после го убил.

Во првите години после ослободувањето на Македонија и формирањето на комунистичката влада гробот на Рацин бил оставен необележан во планината, после неколку години биле пронајдени остатоците и бил преместен од Лопушник до велешката црква „Св. Пантелејмон“ во кивор со повеќе луѓе. После триесет години и од побарањето на помладниот брат на Рацин, Димко Солев остатоците биле префрлени во велешката костурница.

Хронологија

Во април, 1941 година почнала априлската инвазија на територијата на Кралството Југославија, главните напаѓувачи биле Третиот Рајх, фашистичка Бугарија и Албанија под окупација на Италија. Кочо Рацин бил голем критичар кон суровата бугарска администрација, заради тоа немал јадење и редовно требал да се молел. Во септември 1941 година бил поканет од Коле Неделковски и жената на Венко Марковски да живее со нив во Софија. Тој ја прифатил одлуката заради тоа што бил отстранет од КПЈ и лошо третиран од страна на бугарската фашистичка полиција. мини|261x261пкс|Слика од Кочо Рацин После смртта на Коле Неделковски, се враќа назад во Македонија кај градот Скопје. Таму Рацин пишувал различни негативни статии кон суровата окупација, една со насловот „До сите честити Македонци!“ ја споредувал бугарската окупација со српската и истакнал како немало разлика. Во друга статија со насловот „До целиот македонски народ. До сите честити Македонци!“ каде што ја пофалува Совиетската армија против Германија.Проглас до целиот македонски народ (1941) од Кочо Рацин, документите објавени од МАНУ Во 1942 година бојкотот од КПЈ било укинато кога Бане Андреев станал главен на македонската подгрупа. Во есента иста година се вратил во неговиот роден град каде што ја анализирал ситуацијата со германските и бугарските воени единици во државата. Рацин одлучил дека единствениот надеж бил да се приклучи во самата војна.

Во 1943 година бил уапсан од страна на бугарската фашистичка окупација и затворен во Корница, Неврокопско, но во април 1943 година успешно избегнал и се вратил во Скопје. После толку страдање Рацин одлучил дека требало да имал активно учество во ослободителната војна. Одлучил во 7 мај 1943 година заедно со Борис Алексовски, Мирко Милевски, Тихомир Шарески и други да патуваат во Лопушник кај базата на партизанскиот одред „Кораб“ со цел да се приклучат во партизанскиот одред, главниот водач на базата во тоа време бил Страхил Гигов, којшто ја користел базата како центар за комуникација околу селата да ги убеди да се приклучат во борбата.

Неколку дена пред одлуката на Рацин, Гигов дадол наредбата за преместувајќи ја примитивната партизанска печатница „Гоце Делчев“ од Битуше до планината Лопушник, при нејзиното префрлање Рацин дојдол во базата. По неговото достигнување среќно реагирале партизаните заради неговите познати творештва вклучувајќи ја Бели мугри. Митре Инадевски бил таму да го примил Рацин во базата. Гигов им најавил на Инадевски и неговиот другар, со прекарот „Дончо“ дека Рацин би бил главен на печатницата и дека било дирекно одобрувано од централниот комитет на Комунистичката партија на Македонија. Според Миновски, Кочо Рацин бил многу среќен, имал ранец со оружја внатре и еден ситен пиштол. Кога стасал ја бакнал земјата.

Кочо Рацин кога бил во Лопушник активно работел за произвоство на неговата последна стихозбирка со насловот „Македонски народно-ослободителни песни“ и го користел како место за уредување партизанскиот весник Илинденски пат. Рацин претежно преведувал текстови користејќи ја печатницата. Го користел местото да го преведи комунистичкото манифесто и говорите на Јосиф Сталин, после неговата смрт било испечатено вториот дел на неговата стихозбирка и проглас на македонскиот народ во 2 август.

Стрелањето

мини|346x346пкс|Слика од првата партизанска печатница „Гоце Делчев“ во планината Лопушник Во јуни 13, 1943 година, со штампањето на „Македонски народно-ослободителни песни“ Кочо Рацин успешно испечатил околу стотина тиражи. Веќе било ноќ и голем дел од партизаните се спремале за наредниот ден, додека некој имале улогата да работат како стражари, за тој ден бил одбран Мино Миновски, македонски партизан којшто по потекло бил Мијак, тој бил заедно со Кочо Рацин и Митре Инадевски. Го познавал Кочо Рацин од 1931 година кога првпат се сретнал со него кога учел во школска гимназија во Скопје.

Во ноќта, Миновски му предложил на Кочо Рацин да пратил докуметни и да направил нешто за јадење во главниот штаб на народната ослободителна армија и партизанските одреди на Македонија, којшто било околу тристо метри далеку од партизанската печатница „Гоце Делчев“, Кочо Рацин одлучил да го прифати предлогот заради тоа што бил готов со работа и почнал со неговото патување, додека патувал Митре Инадевски почнал разговор со Мино Миновски за албанските балисти.

После неколку време Кочо Рацин почнал да патува назад кон печатница, заради темницата неговиот облик не се гледало прецизно. При разговорот помеѓи Митре Инадевски и Мино Миновски, Инадевски му истакнал на Миновски дека некоја фигура од шумата почнала да патува кон нивната база и партизанската печатница „Гоце Делчев“. Според сеќавањата на Миновски, Инадевски предложил дека имало можност дека таа фигура којшто идела накај нив имало оружје, повеќе конкретно пушка. Инадевски исто така предложил дека таа фигура имало можност да била дел од албанската балиста. Заради тоа Миновски почнал да се спрема да ја стрела непозната фигура.

Миновски бил исплашен, имал само еден куршум оставено во неговата пушка. Миновски одлучил да искаже „стоп!“ кон фигурата, со надежот дека тој што патувал бил дел од партизаните но служел како војник во друг одред. Сепак фигурата продолжила да патува кон печатницата и базата. Мино Миновски одлучил повторно да издере „стоп!“ но овој пат погласно. Сепак фигурата продолжила. Со изгубениот надеж на Миновски тој одлучил да ја спрема пушката и за брзо време ја наместил и ја пукнал со неговиот последен куршум. Кочо Рацин бил погоден во стомакот на десната страна.„Сеќавање за смртта на Кочо Рацин“ (1990) од Јосиф Ќаевски, првпат објавено во Нова Македонија

Смрт

мини|324x324пкс|Споменик за смртта на Кочо Рацин во врвот на планината Лопушник. Кочо Рацин бил погоден и пропаднал на земјата. Откако Миновски го погодил, другите партизани којшто работеле внатре во печатницата испаднале надвор со нивните оружја. Откако го слушнале гласот на поетот брзо истрча кон неговото место. Далечината помеѓу печатницата и штабот било околу тристо или четрсто метри. Според Перо Коробар кога Миновски го погодил Рацин, нивната далечина била помеѓу дваесет и триесет метри. Не се знае конкретно во кое време починал Кочо Рацин откако бил погоден но според претпоставките на Митре Инадевски и други наводи, околу два часа по стрелањето починал.

Откако Миновски открил дека тој што го застрелал бил неговиот другар Кочо Рацин одлучил да го фрли оружјето и да го посети повредениот Кочо Рацин, заедно со него дојде и Киро Георгиевски - Дејан. Коце Солунски исто така бил присутен во планината за време на стрелањето.Сведоштва за последните мигови на Рацин (30 ноември 1974) од Коце Солунски, првпат објавено во Нова Македонија Други партизани присутни за време на стрелањето биле Митре Инадевски, Аризан Несторовски - Марче, Пецо Чинговски, Ванчо Бурзевски и други партизани околу печатницата или базата.Несреќен случај или...? (1990) од Злате Тренески, објавено во Нова Македонија

Пред стрелањето Страхил Гигов бил заедно со српскиот комунист Добривое Радосавлевиќ во селото Кленоец како дел од нивнот план да ги убедат албанското малцинство и турското малцинство во Македонија да учествуваат во ослободителното движење. Во ноќта при договорите пристигнал партизанот Аризан Несторовски којшто ги соопштил за стрелањето на Кочо Рацин. Кога стасале веќе починал држејќи ја раката на Киро Геориевски. Гигов сакал комисија да формирал за смртта на Кочо Рацин но сомнително одлучил да го прекина и да го водат случајот како несреќa.

Гледишта

Македонската историографија

Гледишта на теоријата дека било несреќа мини|283x283пкс|Слика од Страхил Гигов, првиот пропагатор на теоријата дека смртта на Кочо Рацин била несреќа Теоријата дека стрелањето било несреќа било прво предложено од страна на Страхил Гигов. Според сеќавањата на Јосиф Ќаевски по смртта на Кочо Рацин, Гигов заедно се собрал со Крсте Црвенковски, Добривое Радосавлевиќ, Цветко Узуновски, Мино Миновски и Киро Георгиевски. Гигов во неговите мемоари истакнал како посакал да формирал времен комитет којшто би дадол одлука за како починал Рацин но идеата никогаш не ја потполнил.

Теоријата дека случајот било несреќа било присвоено од страна на тогашната комунистичка историографија на Македонија којшто била под склоп на Југославската историографија. Според Васил Зафирчев, за време на социјализмот во Македонија имало активна цензура кон медиуми којшто имплицирале дека смртта на Рацин била организирана. Заради тоа го режисирал филмот „Елегија за тебе“.

После смртта на Кочо Рацин, Мино Миновски којшто бил стрелецот пратил два писма кон Митре Инадевски за случајот, во првото било после неколку години од смртта, во нејзе се жали како чувствувал жал за смртта на неговиот другар, истакнал како секој ден страдал заради неговата избрзана одлука. Второто писмо било во 1984 година, писмото го пратил на Инадевски откако тој учествувал во интервјуто на Блаже Ристовски за неговата книга „Кочо Рацин“. Во писмото Миновски сомнително зима агресиван став кон неговата соработка со Ристовски. Миновски го обвинува Инадевски дека фалсификувал и лажел за случајот.Писмо до Митре Инадески (12 март 1984) од Мино Миновски, објавено во 1990 година во Нова Македонија

За време на Рациновите средби во Велес, некој од набљудувачите на средбата биле Страхил Гигов и помладиот брат на Кочо Рацин, Димко Солев. При таа средба Димко го прашал Гигов како починал Кочо Рацин. Гигов бил сведок на случајот и бил присутен кога Кочо Рацин починал и бил закопан во Лопушник, тој исто така бил првиот пропагатор дека случајот била несреќа. Но заради некоја непозната причина Гигов сомнително одлучил да остане тивок и не му го одговорил прашањето.

Во 1980-тите цензурата за смртта на Рацин се укинува и медумите имале право да шираат други теории за смртта на Рацин освен таа прифатена од македонската историографија. Сепак дури денес, смртта на Кочо Рацин се третира претежно во македонската историографија како несреќа.

Гледишта на теоријата дека било злонамерно мини|249x249пкс|Слика од помладиот брат на Кочо Рацин, Димко Солев. Димко потекнува од истакната македонска фамилија Солеви. Солевите се познати како најистакнатите пропагатори на теоријата дека смртта била организирана со одредена цел.