Гакрукс е третата најсветла ѕвезда во соѕвездието Јужен Крст. Нејзината Бајерова ознака е Gamma Crucis, (Гама Јужен Крст ) која е латинизирана од γ Crucis и скратено Gamma Cru или γ Cru . Со привидна визуелна величина од +1,63, таа е 26-та најсветла ѕвезда на ноќното небо . Линија од двата „Покажувачи“, Алфа Кентаур преку Бета Кентаур, води до 1° северно од оваа ѕвезда. Според мерењата со паралакса направени за време на мисијата Хипаркос, ѕвездата се наоѓа на растојание од 88,6 светлосни години(27,2 парсеци) од Сонцето. Таа е најблиската ѕвезда од М-тип црвен џин до Сонцето.
Номенклатура лево|мини| Соѕвездието Јужен Крст, со црвеникава ѕвезда Гакрукс на врвот на соѕвездието (север) на сликата γ Crucis (латинизиран во Gamma Crucis- Гама Јужен Крст ) е ознаката добиена со Бајеровото означување. Гакрукс моментално е на околу 60° јужна деклинација . Ѕвездата била позната и видлива за старите Грци и Римјани бидејќи се гледала северно од 40° географска ширина поради прецесијата на рамнодениците . Иако невообичаено ѕвездата нема традиционално име. Астрономот Птоломеј ја вброил како дел од соѕвездието Кентаур.Во 2016 година, Меѓународната астрономска унија организирала Работна група за имиња на ѕвезди (WGSN) за да ги каталогизира и стандардизира соодветните имиња за ѕвездите. Првиот билтен на WGSN од јули 2016 година вклучил табела со првите две групи на имиња одобрени од WGSN; во кој беше вклучена и Гакрукс.
Во кинеската астрономија, Гама Јужен Крст е ( .) 香港太空館 - 研究資源 - 亮星中英對照表 , Hong Kong Space Museum. Accessed on line November 23, 2010.
Луѓето од племето Аранда и Луритја околу Хермансбург, Централна Австралија го нарекле Иритинга, „Орел-јастреб“, четириаголен распоред кој го сочинуваат Гакрус, Делта Крусис (Имаи), Гама Кентаури (Мухилфаин) и Делта Кентаури (Ма Веи). Меѓу народите што зборуваат португалски, особено во Бразил, исто така е именуван Рубидеа (или како Руби), во однос на неговата боја.da Silva Oliveira, R., "Crux Australis: o Cruzeiro do Sul", Artigos: Planetario Movel Inflavel AsterDomus.
Физички својства +Периоди на пулсирање Период (денови) Амплитуда (величина) 12.1 0,016 15.1 0,027 16.5 0,016 54.8 0,026 82.7 0,015 104,9 0,016 Гакрукс има ѕвездена класификација на системот МК од М3.5 III. Таа еволуирала надвор од главната низа за да стане ѕвезда црвен џин, но најверојатно се наоѓа на црвената џиновска гранка наместо на асимптотичната џиновска гранка. Иако е само 50% помасивна од Сонцето, во оваа фаза ѕвездата се проширила до 73 пати од радиусот на Сонцето . Зрачи приближно 830 пати поголема сјајноста од онаа на Сонцето од неговата проширена надворешна обвивка. Со делотворна температура од 3.689 K, бојата на Гакрукс е истакната црвено-портокалова, согласно со нејзината спектрална класификација. Тоа е полуправилна променлива со повеќе периоди. (Погледнете ја табелата лево.)
Атмосферата на оваа ѕвезда е збогатена со бариум, што најчесто се разјаснува со трансфер на материјал од поеволуиран придружник. Обично овој придружник последователно ќе стане бело џуџе. Сепак, таков придружник сè уште не е откриен. Придружна ѕвезда со светлинска величина +6,4 лежи на околу 2 лачни минути под агол на позиција од 128° од главната ѕвезда и може да се набљудува со двоглед . Но, тоа е само оптички придружник, кој е оддалечен околу 400 светлосни години од Земјата.
Во културата мини|Гакрукс, Гама Јужен Крст. Гакрукс е претставен во знамињата на Австралија, Нов Зеланд, Самоа и Папуа Нова Гвинеја како една од петте ѕвезди (четири во случајот на Нов Зеланд) што го сочинуваат Јужниот крст .
Исто така е прикажан на знамето на Бразил, заедно со 26 други ѕвезди, од кои секоја претставува држава. Гакрукс ја претставува државата Баија.. Положбата на линијата што минува низ Гакрукс и Акрукс(Алфа Јужен Крст) го означува локалниот меридијан на небото забележан од Рио де Жанеиро, во 8:30 часот на 15 ноември 1889 година, времето кога републиката била формално ратификувана.
Поврзано
Алдебаран Бетелгез
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Именувани ѕвезди Категорија:HIP-објекти Категорија:HD-објекти Категорија:Глизеови објекти Категорија:Тела од Бонскиот преглед Категорија:HR-објекти Категорија:Бајерови објекти Категорија:Јужен Крст (соѕвездие) Категорија:Полуправилни променливи ѕвезди Категорија:Бариумски ѕвезди Категорија:Џинови од типот M Категорија:Статии со извори на италијански (it)