мини|Уметничка претстава на ѕвезда од типот O

Ѕвезда од главната низа од типот O (O V) — ѕвезда од главната низа (т.е. која согорува водород) од спектралниот тип O и сјајносна класа V. Овие ѕвезди имаат маса 15 до 90 пати поголема од Сончевата и површинска температура од 30.000 до 50.000 K. Имаат сјајност 40.000 до 1.000.000 поголема од онаа на Сонцето.

Спектрални стандарди thumb|лево|исправено=1.2|Спектарот на една O5V-ѕвезда + Својства на типични ѕвезди од главната низа од типот OСпектралентипМаса ()Полу-пречник ()Сјајност ()Делотворнатемпература(K)Боенпоказател O3V 120,00 15,00 1.400.00044.900 −0,330 O4V 85,31 13,43 1.073.01942.900 −0,326 O5V 60,00 12,00 790.00041.400 −0,323 O6V 43,71 10,71 540.42239.500 −0,321 O7V 30,85 9,52 317,32237.100 −0,318 O8V 23,00 8,50 170.00035.100 −0,315 O9V 19,63 7,51 92.76233.300 −0,312 Стандардните ѕвезди кои ја дефинираат MK-класификацијата за ѕвезди од главната низа од типот O, т.е. они е стандарди кои се немаат изменето од почетокот на XX век наваму се: (O7 V) и (O9 V).

Морган-Кинак-Келермановиот (МКК) „Јеркисов“ атлас од 1943 г. наведува стандарди помеѓу O5 у O9, но сјајносните класи се разделени само за O9. Двата стандарда MKK O9 V биле Јота Орион и . Преработените Јеркисови стандарди („MK“) претставени од Џонсон и Морган (1953) немаат измени во типовите од O5 до O8, и наведуваат 5 O9 V-стандарди (, , , , 10 Гуштер) и 3 O9,5 V-стандарди (, Сигма Орион, Зета Змијоносец). Важната преработна на спектралната класификација на Морган и Кинан (1973) наведува „преработени МК-стандарди“ за O4 до O7, но повторно стандардите не ги двојат по сјајносни класи. Тука се наведени стандардите O9 V за 10 Гуштер и O9,5 V за Сигма Орион.

Сјајносните класи на типот O поттипови претходни на O5 не се дефинирани со стандардните ѕвезди сè до 1970-тите. Спектралниот атлас на Морган, Абт и Тепскот (1978) дава неколку стандарди за ѕвезди од главнат низа од типот O (сјајносна класа „V“): (O4 V), (O5 V), (O6 V), (O7 V), (O8 V) и (O9 V). Цалборн и Фицпатрик (1990) го создале првиот дигитален атлас на спектри за ѕвезди од типот OB, и вклучиле главнонизен стандард за O3 V (). Спектралната класа O2 била дефинирана од Волборн и др. (2002), при што ѕвездата има улога на главен стандард за O2 V (впрочем типот „O2 V((f*))“). Тие ја редефинирале и како стандард за O4 V, и дале нови O3 V-стандарди ( и ).

Својства Ова се исклучително ретки тела. Се смета дека во целиот Млечен Пат нема повеќе од 20.000 ѕвезди од класата O, или околу една на 10.000.000 ѕвезди. Сите ѕвезди од класата O се многу млади — не повеќе од неколку милиони години – и сите тие во нашата галаксија имаат висока металичност, двапати повеќе од онаа на Сонцето. Имаат маса помеѓу , но имаат поумерени полупречници околу . Површинската гравитација е 10 пати поголема од онаа на Земјата, што е релативно ниско во споредба со други ѕвезди од главната низа.

Нивните површински температури изнесуваат некаде меѓу 30.000 и 50.000 K. Ова се силно блескави ѕвезди со болометриска сјајност помеѓу . Видливата апсолутна величина им се движи од −4 (3.400 пати посветло од Сонцето) до −5,8 (18.000 пати посветло од Сонцето).

Ѕвездените ветришта на овие ѕвезди имаат конечна брзина од околу 2.000 км/с. Насјајните меѓу нив губат маса со стапка од преку годишно, иако најмалку сјајните губат многу помалку. Ѕвездите од главната низа од типот O во Големиот Магеланов Облак имаат пониска металичност (нивната внатрешност е помалку непроѕирна од типичните ѕвезди во Млечниот Пат) и забележително повисоки температури; највоочлива е помалата стапка на загуба на маса, која е намалена зради помалата непроѕирност.

Примери θ Мува — Волф-Рајеова ѕвезда видлива со голо око, но највеќето видлива светлина ја произведува придружник од клсата O и OB-суперџин. 9 Стрелец — спектроскопска двојка со ѕвезди од класите O3,5 и O5–5,5, што ја прави најблескавата ѕвезда во маглината Лагуна. μ Гулаб — ѕвезда од типот O9,5 видлива со голо око. Ова е ѕвезда-бегалка. θ1 Орион C — најблесквата ѕвезда во јатото Трапез во маглината Орион, класа O6 со послаб спектроскопски придружник. ζ Змијоносец — ѕвезда од класата O9,5, најблескавата на ноќното небо со 3. величина. υ Орион — ѕвезда ид типот O9,7, макар што понекогаш ѝ се дава спектралниот тип B0V

Поврзано Волф-Рајеова ѕвезда

Наводи

Категорија:Видови ѕвезди