мини|десно|250п|Уметничка претстава на ѕвезда од типот B.

Ѕвезда од од главната низа од типот B (B V) — ѕвезда од главната низа (т.е. која согорува водород) од спектралниот тип и сјајносна класа V. Ваквите ѕвезди имаат 2 до 16 пати повеќе маса од Сонцето и површинска температура помеѓу 10.000 и 30.000 K., Tables VII and VIII. Ѕвездите од типот B се крајно сјајни и сини. Нивните спектри имаат силни неутрални хелиумски впивни линии, кои се најизразени во поткласата B2, и умерено силни водородни линии. Такви примери се Регул, Алгол A и Акрукс.SIMBAD, записи за Регул, Алгол A и Акрукс .

Историја Оваа класа на ѕвезди е воведена во Харвардската низа на ѕвездени спектри и објавена во каталогот „Преработена харвардска фотометрија“. Дефиницијата за ѕвезда од типот B барала присуство на линии од нејонизиран хелиум со отсуство на единечно јонизиран хелиум во сино-виолетовиот дел на спектарот. Сите спектрални класи, вклучувајќи го типот B, биле поделени со бројчена наставка која го покажува степенот на доближување до следната класа. Така, B2 е на од типот B (или B0) кон типот A.

Меѓутоа, подоцна, поуточнетите спектри покажале линии од јонизиран хелиум за ѕвезди од типот B0. Така и A0-ѕвездите слаби линии на нејонизиран хелиум. Подоцнежните каталози на ѕвездени спектри ги класификуваат ѕвездите според јачината на впивните линии при дадени честоти, или со споредба на јачините на различни линии. Така, во MK-системот спектралната класа B0 на бранова должина од 439 нм има посилна линија отколку на 420 нм. Балмеровата низа на водородни линии се засилува одејќи низ класата B и достига највисока вредност во A2. Линиите од јонизиран силициум се користат за утврдување на поткласата на ѕвездите од типот B, а магнезиумските линии служат за разликување на температурните класи.

Својства + Својства на типични ѕвезди од главната низа од типот BСпектралентипМаса ()Полу-пречник ()Сјајност ()Делотворнатемпература(K)Боенпоказател B0V 17,70 7,16 44.66831.400 -0,301 B1V 11,00 5,71 13.49026.000 -0,278 B2V 7,30 4,06 2.69220.600 -0,215 B3V 5,40 3,61 97717.000 -0,178 B4V 5,10 3,46 77616.400 -0,165 B5V 4,70 3,36 58915.700 -0,156 B6V 4,30 3,27 37214.500 -0,140 B7V 3,92 2,94 30214.000 -0,128 B8V 3,38 2,86 15512.300 -0,109 B9V 2,75 2,49 7210.700 -0,070 Ѕвездите од типот B немаат корона и немаат струевит слој во надворешната атмосфера. Губат повеќе маса од помалите ѕвезди како Сонцето, и нивниот ѕвезден ветер се движи со брзина од околу 3.000 км/с. Енергопроизводството кај овие ѕвезди доаѓа од CNO-циклусот на термојадрено соединување. Бидејќи овој циклус е многу чувствителен на температура, енергопроизводството во голема мера е сосредоточено во средиштето на ѕвездата, што предизвикува струевит слој околу јадрото. Поради ова доаѓа до постепено мешање на водородното гориво со хелиумот, спореден производ на јадреното соединување. Многу ѕвезди од типот B се вртат, со екваторска вртежна брзина од околу 200 км/с.

Be- и B[e]-ѕвезди

Спектралните тела наречени „Be-ѕвезди“ се масивни, но не суперџиновски сушности кои имаат (или некогаш имале) една или повеќе Балмерови оддавни линии, при што од особен научен интерес се водородно поврзаната низа на електромагнетно зрачење која ја оддаваат ѕвездите. Be-ѕвездите имаат необично силни ѕвездени ветришта, висока површинса температура и значајна загуба на ѕвездена маса бидејќи се вртат необично бргу — сето ова за разлика од многу други ѕвезди од главната низа.

Телата наречени B[e]-ѕвезди се различни од Be-ѕвездите по тоа што имаат оддавни линии со необично неутрална или ниска јонизација кои се сметаат за „забранети механизми“, означени со квадратни загради. Со други зборови, лачењата на овие ѕвезди претрпувааат процеси кои нормално не се допуштени според прворедната теорија за растројувањето во квантната механика. Во дефиницијата за B[e]-ѕвезда може да се вклучат сините џинови и сините суперџинови.

Спектрални стандарди Преработениот систем на Јеркисовиот атлас (Џонсон и Морган, 1953)Fundamental stellar photometry for standards of spectral type on the revised system of the Yerkes spectral atlas H.L. Johnson & W.W. Morgan, 1953, Astrophysical Journal, 117, 313 дал густа решетка на стандардни ѕвезди од типот B, меѓутоа не сите опстанале до денес како стандарди. Стожерите на класификацијата по МК-системот меѓу џуџињата од главната низа од типот B, т.е. оние стандардни ѕвезди кои останале неизменети од 1940-тите наваму се Табит (B0 V), Хед (B3 V) и Алкаид (B3 V).MK ANCHOR POINTS , Robert F. GarrisonSpectral Classification, W.W. Morgan & P.C. Keenan, 1973, Annual Review of Astronomy and Astrophysics, vol. 11, p.29 Покрај овие стожери, важната преработка на МК-класификацијата од Морган и Кинан (1973) како стандарди ги наведува и Паикаухале (B0 V), Омега Скорпија (B1 V), 42 Орион (B1 V), 22 Скорпија (B3 V), Ро Кочијаш (B5 V) и 18 Бик (B8 V). Преработениот атлас на MK-спектри на Морган, Абт и Тепскот (1978)Revised MK Spectral Atlas for stars earlier than the sun, W.W. Morgan, W. W., H.A. Abt, J.W. Tapscott, 1978, Williams Bay: Yerkes Observatory, and Tucson: Kitt Peak National Observatory ги додал Акраб (B2 V), 29 Персеј (B3 V), HD 36936 (B5 V) и HD 21071 (B7 V). Греј и Гарисон (1994)The late B-type stars: Refined MK classification, confrontation with stromgren photometry, and the effects of rotation, R.F. Gray & R.O. Garrison, 1994, The Astronomical Journal, vol. 107, no. 4, p. 1556-1564 вовеле уште два стандарди за B9 V: Омега Фурна и HR 2328. Единственот објавен стандард за B4 V е 90 Лав, from Lesh (1968).The Kinematics of the Gould Belt: an Expanding Group? J.R. Lesh, 1968, Astrophysical Journal Supplement, vol. 17, p.371 (Table 1) Во литературата нема согласност во изборот за B6 V како стандард.

Хемиска необичност Некои од ѕвездите од класата B0–B3 покажуваат необично силни линии на нејонизиран хелиум. Овие хемиски необични ѕвезди се нарекуваат хемиски силни ѕвезди. Често имаат силни магнетни полиња во фотосферата. За разлика од нив, постојат и хелиумски слаби ѕвезди од типот B со недоволно силни хелиумски линии и силни водородни спектри. Други хемиски необични ѕвезди од типот B се живино-манганските ѕвезди со спектрални типови B7-B9.

Поврзано Хербигова Ae/Be-ѕвезда

Наводи

Категорија:Видови ѕвезди