Синан-бегова џамија — џамија во Чајниче.

Историја Позната како најубава и највпечатлива во Чајниче. Била еден од бисерите на отоманската архитектура на просторот на Горажданското муфтиство.(boš.) Klix E.A.: Obnavlja se džamija Sinan-bega Boljanića u Čajniču, spomenik svjetske baštine, 16. srpnja 2016. (пристапено на 8 август 2019) Синан-бег Бољаниќ ја изградил џамијата во средиштето на Чајниче во 1570 година. Како споменик од прва категорија е вклучен во списокот на светско наследство. За време на војната во БиХ, џамијата била целосно уништена на 8 јуни 1992 година,Fokus.ba FENA: U ovom mjesecu nastavak obnove džamije Sinan-bega Boljanića, 12. ožujka 2019. (пристапено на 8 август 2019) вклучувајќи ги двете турбиња и еден шадрван. Темелите биле покриени со голем слој земја и ѓубре, поради што било неопходно да се пронајдат темелите и да се расчисти теренот при обновата. Местото и остатоците од градежната целина на 6 јули 2004 година биле прогласени за национален споменик на Босна и Херцеговина. Се состои од местото и остатоците од џамијата, гробиштата, шадрванот и турбе во џамискиот ѕид, џамискиот ѕид со влезната капија и чешма и турбе со гробишта спроти џамијата.Povjerenstvo za očuvanje nacionalnih spomenika BiH Odluka o proglašenju nacionalnim spomenikom Bosne i Hercegovine (пристапено на 29 јули 2019) Џамијата се обновува од јули 2016 година. Камен-темелникот за обнова на џамијата бил поставен во недела на 17 јули. Паралелно со него се гради турбе во харемот на џамијата и турби до харемот. Парите за обнова ги обезбедила главната дирекција вакафот на Република Турција во соработка со Вакафската дирекција на Исламската заедница во Босна и Херцеговина.

Наводи

Категорија:Џамии во Босна и Херцеговина Категорија:Чајниче Категорија:Национални споменици во Босна и Херцеговина Категорија:Недвижни културни добра во Република Српска Категорија:Џамии од 16 век