Брендон Бојд Јури (англ. Brendon Boyd Urie; роден на 12 април 1987) ― американски пејач, текстописец и музичар. Најпознат е како поранешен пејач и фронтмен на групата Panic! at the Disco; бил единствен постојан член во текот на 19-годишното постоење на групата.

На 24 јануари 2023 година, Јури објавил дека ќе го прекине проектот Panic! at the Disco, бидејќи тој и неговата сопруга очекуваат дете.

Живот и кариера Брендон Јури бил роден во Сент Џорџ во Јута, а неговото семејство се преселило во Лас Вегас кога тој имал две години.  Учел во средното училиште Пало Верде во Лас Вегас, каде на часовите по гитара се запознал со идниот басист од групата Паник! , Брент Вилсон. Јури матурирал во 2005 година.

Panic! at the Disco

лево|мини| Јури во 2006 г Јури се запознал со Брент Вилсон додека одел на часови по гитара во нивното средно училиште, а Вилсон го замолил Јури да стане главен гитарист за Panic! at the Disco, бидејќи во тоа време барале замена. Рајан Рос бил нивен главен пејач. Откако Јури го заменил Рос за време на проба на групата, тие биле импресионирани од гласовните способности на Јури и тој бил избран за нивен главен пејач. Тој официјално ѝ се приклучил на групата во 2004 година.

Оттогаш, Panic! at the Disco објавиле седум студиски албуми со Јури како главен пејач. A Fever You Can't Sweat Out бил издаден во 2005 година. За нивниот втор албум, Pretty. Odd. (2008), Јури напишал две песни: на плочата; тие песни ги вклучуваат „"I Have Friends in Holy Spaces“ и „Folkin' Around“. Тој, исто така, ја напишал песната „New Perspective“ за филмот Jennifer's Body. десно|мини| Јури во 2007 г На 22 март 2011 година, групата го издала третиот албум Vices & Virtues. Четвртиот албум, Too Weird to Live, Too Rare to Die! бил издаден на 8 октомври 2013 година и дебитирал на второ место на Билборд 200. На 21 јули 2014 година, Јури ја освоил наградата „Најдобар пејач“ на Наградите за алтернативна музика. Во 2015 година, основачкиот тапанар Спенсер Смит ја напуштил групата, а басистот Далон Викс станал музичар за турнеја, со што Јури останал единствен член во официјалната постава на групата.

На 15 јануари 2016 Panic! at the Disco го издале петтиот студиски албум, Death of a Bachelor, и станал нивен прв албум на прво место на американската топ-листа за албуми. На 21 март 2018 година, групата објавила две нови песни: „Say Amen (Saturday Night)“ и „(Fuck A) Silver Lining“. Истовремено, групата најавила турнеја и нов албум под наслов Pray for the Wicked. На 6 јуни 2022 година, Panic! at the Disco го најавиле нивниот седми студиски албум Viva Las Vengeance и го објавиле насловниот сингл.

На 24 јануари 2023 година, Јури објавил дека ќе го заврши проектот Panic! at the Disco за да се насочи на неговото семејство.

Други музички проекти мини| Јури настапува со Panic! во 2009 година Во 2008 година, Јури учествувал во песна за компанијата Кока-Кола, наречена „Open Happiness“. Учествувал и во музичкото видео за песната, кое било објавено на 16 јули 2009 година.  

Јури се појавил во музичките спотови: „A Little Less Sixteen Candles, a Little More Touch Me", „What A Catch, Donnie" и „Headfirst Slide into Cooperstown on a Bad Bet" од Fall Out Boy.

Во декември 2013 година, Jури ја отпеал песната „Big Shot“ пред Били Џоел, американскиот претседател Обама и публиката, по повод врачувањето на признанието од Кенедиевиот центар на Били Џоел.

На 24 март 2014 година, Брендон Јури соработувал со Треви Меккој на песната „Keep On Keeping On“ и на песната „Molly" од Лил Дики. Во 2016 година, бил вклучен во песната „It Remembers“ од групата Every Time I Die.

На 11 април 2017 година, Јури објавил дека ќе глуми во Бродвејскиот мјузикл, награден со Тони од Синди Лопер, „Kinky Boots“. Имал една од главните улоги, а ангажманот траел од 26 мај 2017 година до 6 август 2017 година.

Во 2015 година, Јури ја напишал песната „Not A Simple Sponge“ за мјузиклот <i id="mwAQM">SpongeBob SquarePants</i>. Мјузиклот премиерно бил прикажан во Чикаго во летото 2016 година. Nickelodeon објавил видео кое содржи детали за уметниците кои работеле на музиката. За неговиот придонес, Јури бил номиниран за наградата „Тони“ за најдобра оригинална музика.

На 26 април 2019 година, Јури соработувал со пејачката Тејлор Свифт и Џоел Литл на песната „Ме!“, кој бил водечки сингл од нејзиниот седми студиски албум, <i id="mwARE">Lover</i>. Песната стигнала до второ место на Billboard Hot 100, а исто така се пласирала на топ-листите во многу други земји, вклучувајќи ги: Обединетото Кралство, Канада, Австралија и Нов Зеланд.

Во 2022 година, Јури, неговиот долгогодишен соработник Мајк Виола и Џејк Синклер основале тричлена група. Виола и Јури ја напишале песната „Diamonds of New York“ за Адам Шлезингер, изведувајќи ја на 19 април 2022 година. На 23 април 2023 година бил објавен нивниот албум Paul McCarthy. Во 2022 година, тој соработувал и со јапонската рок група One Ok Rock на песната „Neon“. Во текот на зимата 2023 година, Јури повторно соработувал со Виола и Синклер на албумот од Виола, Rock of Boston, објавен на 20 септември 2024 година. Нивната песна „Diamonds of New York“ се појавила на албумот.

Влијанија Јури ги навел: Френк Синатра, Квин, Дејвид Боуви и Том Делонг како негови најголеми влијанија. Исто така, ја навел Тејлор Свифт како негово влијание како текстописец.

Личен живот мини| Јури во 2013 година На Јури му била дијагностицирана АДХД на млада возраст. Тој рекол дека сака да биде отворен за неговото душевно здравје пред своите обожаватели. Во интервју за Ролинг Стоун во 2016 година, Јури изјави дека има синестезија.

Јури ја запознал сопругата Сара Орзечовски на еден од неговите концерти. Осум месеци подоцна, Хејли Вилијамс од Параморе ја донела Сара на уште еден концерт на Јури и повторно ги запознала, а тие започнале врска во 2009 година. Песната „Sarah Smiles“ од албумот Vices &amp; Virtues била инспирирана од Орзечовски. Откако ја објавиле свршувачката во септември 2011 година, тие се венчале на 27 април 2013 година.

Во 2013 година, Јури рекол дека „експериментирал“ со мажи, но изјавил: „Претпоставувам дека ако треба да се класифицирам, би рекол дека сум стрејт“. Во јули 2018 година, Јури се изјаснил како пансексуалец и изјави: „Оженет сум со жена и многу сум заљубен во неа, но не се противам на маж затоа што мене ми се допаѓа некоја личност. Ако некој е одличен, тогаш човекот е одличен“. Јури е познат по неговата поддршка на ЛГБТ-заедницата.

На 24 јануари 2023 година, Јури открил дека тој и неговата сопруга чекаат дете и дека ќе го прекине проектот Panic! at the Disco за да се насочи на семејните обврски. Нивното дете било родено во февруари 2023 година.

Наводи

Надворешни врски

Brendon Urie at IMDb Official Panic! at the Disco web site Категорија:Добитници на MTV Video музички награди Категорија:Живи луѓе Категорија:Американски рок пејачи Категорија:Американски рок-гитаристи Категорија:Американски ЛГБТ-пејачи Категорија:Американски атеисти Категорија:Родени во 1987 година Категорија:Пејачи со попреченост Категорија:Американски текстописци Категорија:Американски мултиинструменталисти Категорија:Американски кантавтори Категорија:Пејачи од Невада