мини|283x283пкс|Состав на новата влада во Президиумот на АСНОМ после второто заседание, вториот од лево кон десно седејќи е Александар МартулковПосле успешното ослободување на Македонија како дел од народната ослободителна војна, Президиумот на Антифашистичкото собрание на народната ослободителна војна започна да го организира своето второ заседание во новоослободениот град Скопје. Тогашните водачи на АСНОМ одлучиле за нивното второ заседание да свикнат повеќе претставници на македонската дијаспора во Балканот. Освен дијаспората тие свикаа и некои американски и британски генерали кои биле присутни за време на последните фази на народната ослободителна војна. Меѓу повиканите претставници на македонската емиграција во Бугарија бил и Александар Ончев Мартулков, македонски револуционерен деец од Велес познат по тоа што е еден од најстарите социјалисти во Македонија.

Историја Свикување

мини|324x324пкс|Апел до Македонците во Бугарија, потпишан од Мартулков за време на ослободителната војна. За време на Втората светска војна, Мартулков немал големо учество во ослободителната борба и претежно престојувал воСофија каде што имал минимален пристап со народното ослободително движење. Тој претежно бил во контакт со Панко Брашнаров и Дончо Мирчевски кои дејствувале во велешко. Но, за време на завршните операции за ослободување на Вардарска Македонија, Мартулков, заедно со некои други македонски активисти во Бугарија, го потпишаа „Апелот до Македонците во Бугарија“ кој се залагало за ослободувањето и обединување на Пиринска Македонија кон новосоздадената комунистичка држава на Македонија. Апелот исто така го потпишале Павел Шатев, Михаил Герџиков, Туше Влахов и Крсте Гермов. По завршувањето на Втората светска војна во Македонија, новоформираната преодна влада ја имала главната улога да го организира второто заседание на АСНОМ. Еден од свиканите делегати во тоа заседание бил Светозар Вукмановиќ - Темпо. Тој им предложил на тогашниот Президиум на АСНОМ да ги свикале старите македонски активисти во Бугарија.

Преодната македонска влада се согласи со неговиот предлог да ги покани постарите македонски револуционери поради недостатокот на искуство, како што истакнала македонската историчарка Виолета Ачкоска во нејзиното дело „Македонската емиграција во Бугарија и афирмацијата на македонската национална посебност во периодот на формирањето на Асномска Македонија“ имало „глад за кадар“. Бидејќи новата влада била ориентирана кон социјализмот, тие одлучиле да ги поканат само членови од ВМРО (Обединета) кои била составена претежно од социјалисти, еден од нив бил Александар Мартулков, стар политичар кој стана социјалист благодарение на брошурите што му ги подари Васил Главинов за време на неговата посета во градот Велес во 1894 година.

Во писмото испратено од Светозар Вукмановиќ, на крајот на септември 1944 година, Вукмановиќ пишал како заедно со Михајло Апостолски и Бане Андреев — Ронката биле задолжени да ги посетат старите македонски активисти во Бугарија. Михајло Апостолски и Бане Адреев не можеле да се придружат со Вукмановиќ бидејќи биле зафатени со формирање на партизански дивизии во Плачковица. Во Софија, Светозар се сретна со претставници од Централниот комитет во Бугарската комунистичка партија. Ги натерал да се извинат за суровата фашистичка окупација на Македонија што го направило Бугарското Царство за време на втората светска војна. За време на нивната средба Вукмановиќ ги убедил да го признаат македонското мнозинство во Пиринска Македонија. Тој исто така им побарал да дадат повеќе права и автономија на македонското малцинство во земјата. По неговата средба тој ја добил можноста да разговара со старите македонски револуционерни дејци од ВМРО (Обединета).

Учество

мини|332x332пкс|Список на пратеници во второто заседание на АСНОМ, меѓу нив е Александар Мартулков. Откако Вукмановиќ ги исполнил неговите цели со посетата во Софија, тој го оставил Кирил Миљовски со македонските револуционери во Бугарија. Миљовски ја добил битната задача да формира привремен комитет со соработка на Илинденската организација и ја имале тешка мисија да го префрлат Александар Мартулков и другите социјалисти од Бугарија во Скопје за второто заседание на АСНОМ. На 26 октомври 1944 година, само два дена пред заседанието во Скопје, Вукмановиќ му пратил писмо на Миљовски, Вукмановиќ му побарал да побрза со организирањето на трансферот на Александар Мартулков и другите. Светозар, исто така, му побарал на Миљовски да ги организира македонските единици формирани во Бугарија за време на ослободителната војна да ја загрозат новата комунистичка бугарска влада за да се согласат со обединување на Пиринска и Вардарска Македонија. Помеѓу 27 и 28 октомври Александар Мартулков заедно со Павел Шатев и Крсте Гермов - Шакир биле пренесени во Скопје.

Конечно, Мартулков повторно се вратил во Македонија. За време на второто заседание на АСНОМ, Мартулков ретко зборувал. Не се знае точно зошто, за време на заседанието тој бил 66 години. Според транскриптите зачувани од разговорите за време на заседанието, единствениот предлог на Мартулков кон Президиумот на АСНОМ било да се приклучи Густав Влахов, синот на Димитар Влахов како дел од новата македонска комунистичка власт. Кога го поднесе тој предлог, Методија Андонов - Ченто, тогашниот претседател на президиумот го прифатил. После заседанието Мартулков бил прогласен како член на президиумот но за време на третото заседание на АСНОМ Мартулков е отстранет како пратеник. Во 1945 година тој станува еден од главните водачи на Уставотворното собрание и имал учество во пишувањето на уставот на НР Македонија.Уставотворното собрание на НРМ (2003) дел од Македонска Енциклопедија, уредувана од Блаже Ристовски После тоа тој станал еден од главните водачи на Илинденската пензија, комисија формирана со цел да им даде пензии кон учесници во македонското револуционерно движење кои уште биле живи во Македонија.

Поврзано

Александар Мартулков Уставотворното собрание на НРМ Врховизмот и борбата на Внатрешната револуционерна организација против него Список на делегати на второто заседание на АСНОМ

Наводи

Категорија:Александар Мартулков Категорија:АСНОМ