Никола Павловски ( , — Скопје, 16 јануари 2026) — македонски архитект, редовен професор на Архитектонскиот факултет при УКИМ.

Животопис Павловски е роден на 15 август 1939 г. во костурското село Изглибе, егејскиот дел на Македонија. Тој се доселил во НР Македонија како дете бегалец од Грчката граѓанска војна (1946–1949). Дипломирал на Архитектонско-градежниот факултет во Скопје во 1962 г. На факултетот предавал проектирање индустриски и стопански згради. Се занимава и со архитектонско проектирање на стопански, индустриски, станбени и деловни објекти.

Учествувал и на анонимни архитектонски конкурси. Негови позначајни остварени згради се фабриката за медицинска пластика во Тетово (1986), поштите со АТЦ во населбите Зелен Рид и Карпош во Куманово (1994). Павловски се занимавал и со научноистражувачка работа, посебно со проблемите на осветлувањето со дневна светлина во архитектонското проектирање. Автор е на бројни трудови.

Наводи

Категорија:Македонски архитекти Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Југословенски архитекти Категорија:Југословенски универзитетски професори Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Категорија:Професори на УКИМ Категорија:Деца бегалци