Скијачки центар „Михајлово“ — скијачки центар во близина на селото Конопиште, Кавадаречко. Центарот е сместен во подножјето на планината Кожуф, со северна изложеност, на висина од 1200 метри. Местото е оддалечено околу 35 километри од Кавадарци, од каде има организиран превоз до планината. Центарот бил отворен на 1 јануари 2025 година.

Ски центарот располага со една главна ски патека со должина од околу 400 метри и една помошна патека наменета за најмладите генерации и почетници кои ќе имаат можност на безбеден и лесен начин да ги совладаат предизвиците во скијањето, топови за вештачко заснежување, како и осветлена патека со можност за ноќно скијање. Покрај основниот лифт со котва, единствено во Македонија центарот располага со лифт – лента која ќе ги влече најмладите и потечниците при учење да скијаат.

Влечници ИмеВидМ.н.в. (почетна)М.н.в. (крајна)Висинска разлика (м)Брзина (м/с)Време на возењеДолжина (м)Капацитет (лица/час)ПроизводителМакедонијасидро370600

Патеки Вкупната должина на лесни (сини) патеки за алпско скијање е 400 метри, а најавени се уште две стази со должина од два километра и висинска разлика од 500 метри. ПатекаТежинаДолжина (м)Висинска разлика (м)Македонијасина400100Михајловозелена

Наводи

Михајлово Категорија:Конопиште Категорија:Појавено во 2025 година во Македонија