мини|Берни Сандерс Берни Сандерс (; роден на 8 септември 1941 година) — американски политичар. Како претставник на сојузната држава Вермонт, тој станал американски сенатор во 2007 година, а пред тоа бил член на Претставничкиот дом на САД. Поголемиот дел од својот политички ангажман го поминал како независен политичар, но повремено соработувал со Демократската партија.
Берни Сандерс бил главниот противник на Хилари Клинтон за номинацијата на Демократската партија на претседателските избори во САД во 2016 година.
Сандерс се декларира како демократски социјалист и прогресивец.
Младост и образование Сандерс е роден во полско-еврејско семејство на 8 септември во 1941 година во Бруклин, Њујорк . За политиката се заинтересирал уште на рана возраст. За време на Втората светска војна, многу роднини на Сандерс биле убиени во холокаустот, што влијаело на него да сфати дека политиката е многу важна во животот на луѓето. Основно образование го завршил во училиштето „П. С. 197" во Бруклин. Средното образование го завршил во училиштето „Џејмс Медисон", исто така во Бруклин. Студирал на колеџот Бруклин од 1959 година до 1960 година пред да се префрли на Универзитетот во Чикаго и да дипломира политички науки во 1964 година.
Од 1968 гoдина живее во Бeрлингтон, најголемиот град во Вермонт.
Политичка програма Во политика, Сандерс промовира социјалдемократска програма заснована на скандинавскиот модел, која вклучува универзално достапно јавно здравство и образование, повисоки даноци за супербогатите со цел да се прераспредели богатството, развој на механизми за социјална заштита, платено родителско отсуство, зголемување на минималната плата, енергетска политика заснована на обновливи извори на енергија за заштита на животната средина, донесување закони за контрола на оружјето, реформа на законот за имиграција и почитување и развој на човековите и малцинските права, вклучувајќи ги и правата на ЛГБТ заедницата. Кога станува збор за надворешната политика, Сандерс силно поддржува намалени воени трошоци, поголема дипломатија и меѓународна соработка и става поголем акцент на правата на работниците и прашањата за животната средина во меѓународни трговски договори.
Политички живот десно|мини|360x360пкс| Берни Сандерс, април 2017 година. Политичката кариера на Берни Сандерс е многу невообичаена за некој американски политичар. Од самиот почеток се карактеризира со активизам:
Собирал финансиски средства за корејските деца сираци од Корејската војна во 1950тите. Бил уапсен поради кршење на прописите за расна сегрегација. Марширал на протест во Вашингтон заедно со Мартин Лутер Кинг. Уште пред 40 години се залагал за целосни права на ЛГБТ заедницата. Ги бранел жртвите на американскиот империјализам во Јужна Америка и патувал во Никарагва. Противник е на сите реформи кои ја намалуваат социјалната помош. Целата своја политичка кариера се бори за укинување на смртната казна. Гласал против укинување на бесплатното образование за затворенците. Се побунил против политиките на ММФ-а кои ги осиромашуваат работниците. Водечки граѓански организации го оценуваат со рејтинг 93-97%. Гласал против Патриотскиот акт кој поради војната против тероризмот ги крши граѓанските права. Противник е на двете Ирачки војни. Патувал во Костарика да ги брани сиромашните работници Го подржал Џексон првиот афроамериканец кој пробал да се кандидира за претседател на САД. Противник е на израелската политика спрема Палестина. Противник е на полициското насилство посебно над афроамериканците Се бори за правата на имигрантите да добијат полесно американско државјанство. Се залагал за право на глас на расните малцинства. Се бори против дискриминација при вработување. Подржува декриминализација на марихуаната. Претставил детален план за намалување на економската криза кај малцинските заедници. Го подржал бомбардирањето на СР Југославија во 1999 година.
Тој бил избран за градоначалник на Бeрлингтон, најголемиот град во Вермонт, неговата родна држава, три пати како независен кандидат. Под водство на Берни, Бeрлингтон станал првиот град во Соединетите Американски Држави кој има програма за јавно домување. Тој иницирал голем проект за ревитализација на „долниот град“. Како градоначалник, тој исто така водел јавна кампања под слоганот „Берлингтон не е на продажба“ и спречил пренамена на голем комплекс од рекреативни површини и паркови „Waterfront Park“ во деловен центар. Во борбата за третиот градоначалнички мандат го победил заедничкиот кандидат на републиканците и демократите. Потоа бил избран како независен кандидат во Претставничкиот дом, а потоа и во Сенатот, каде што и денес е независен сенатор со најдолг мандат во историјата на Соединетите Американски Држави и единствен деклариран социјалист во Сенатот.
За време на неговата кариера, ја критикувал Демократската партија, но повремено соработувал со нејзините членови од Конгресот. Кога во 2007 година влегол во Сенатот, веќе во 1998 година се приклучи на клубот на демократите во Сенатот.
Кампања за номинација на Демократската партија на претседателските избори во 2016 година десно|мини|300x300пкс| Берни Сандерс држи говор Во 2015 година се приклучил на Демократската партија за да може да учествува во трката за претседател на САД и предизвикал сензација со неочекувани успеси во однос на другите против кандидати за демократска номинација, иако загуби на внатрепартиските избори.
Во паркот Вотерфронт во Берлингтон, Сандерс ја објавил својата кандидатура за претседателска номинација на Демократската партија на мала хипи забава. Првите анкети не му давале ниту 5% поддршка од гласовите на демократите, а многу политиколози изјавиле дека нема никакви шанси, и дека најверојатно нема да може ниту да собере средства за кампањата.
Огромен број на просечни Американци никогаш немале ни слушнато за Берни Сандерс, кога тој ја започнал кампањата со говори за борбата против социјалната нееднаквост, борбата за заживување на средната класа, бесплатно здравство и образование, социјалната и пензиската сигурност и потребата од оданочување како и богатите праведно да ги користат тие пари за да ги платат социјалните трошоци. Она што му дало вистински моментум на неговата кампања и неверојатен пораст на сите анкети е автентичноста, бидејќи за разлика од сите противници за номинацијата на демократите предводени од Хилари Клинтон кои зборувале за се и сешто во зависност од моментот, Сандерс речиси 50 ја води истата борба. Како што повеќето луѓе го запознавале Сандерс и неговата програма, почнала да расте позитивното мислење и поддршката за него. Од кога започнала кампањата до последната анкета, само 10% од американците изразиле неповолно мислење за Сандерс.
„Мислам дека Американците ја сакаат автентичноста и мислам дека денес нема многу од неа во политиката. „Берни Сандерс, сакале или не, е автентичен“, изјавил еден новинар.
Главната порака што Сандерс ја испратил е дека САД станале земја по мерка на богатите, а не на граѓаните и работниците. Тој со години упорно го повторува истото дека САД се најбогатата земја во историјата на човештвото, но дека ја има најголемата социјална нееднаквост од сите големи земји денес и дека е единствената од сите индустријализирани земји која не гарантира здравствена заштита, поради што секоја година умираат десетици илјади луѓе. Тој предупредил дека денес во САД најбогатите 1% заработуваат повеќе од сите други 99% заедно.
Следејќи ја политиката од неговата рана кариера како градоначалник со слоганот „ Берлингтон не се продава“, Берни ја започнал кампањата за претседател на САД не со слоган, туку со став „Берни не се продава“. Тој одбил донации од големи корпорации и ги ограничил придонесите на 250 долари. Ситизенс Јунајтед е една од работите на кои Берни најмногу укажувал. Станува збор за одлуката на Уставниот суд на САД според која е легално да се пумпаат неограничени количини во кампања за претседателските кандидати. Сандерс посочил дека тоа всушност е купување избори и негирање на волјата на граѓаните, несоодветна и непостоечка во ниту едно демократско општество. Тој ги посочил скандинавските земји и нивниот систем како политичка платформа за САД. Тој водел кампања со луѓе, на улиците, додека Хилари Клинтон се возела во блендиран џип проследен со 7 полициски автомобили. Многу корисници на YouTube дале коментари како: „Она што го сакам кај Берни Сандерс е тоа што кога ќе му поставите прашање, тој одговара на прашањето“.
На самиот почеток на кампањата Берни Сандерс ги изненадил сите. Во првите 24 часа тој собрал 1,5 милиони долари во мали донации, од „обични“ луѓе, повеќе пари од тројцата републикански кандидати за номинација заедно.
Претседателска кампања 2020 година мини| Знакот „Draft Bernie“ на Женскиот марш 2017 година во Вашингтон. Берни Сандерс на 19 февруари 2019 година најавил дека повторно ќе ја бара номинација на Демократската партија за претседател во 2020 година. Претходно тој ја имаше одбиено номинацијата на Демократската партија за сенатор од Вермонт за Сенатот на САД во 2006, 2012 и 2018 година, што довело до неуспешно правно оспорување на неговата кандидатура за демократската претседателска номинација во 2016 година. Во најавата за својата кампања во 2019 година, тој изјавил дека ќе го потврди своето членство во Демократската партија. Сандерс на 5 март 2019 година потпишал официјална изјава, позната како „заклетва за лојалност“, дека е член на Демократската партија и дека ќе биде демократски претседател доколку биде избран. Новинските извештаи наведуваат дека еден ден претходно, тој потпишал документи во кои се кандидира како независен кандидат за реизбор во Сенатот во 2024 година.
Менаџер на кампањата на Сандерс бил Фаиз Шакир. Националните копретседавачи на кампањата биле ко-основачот на „Бен и Џери", Бен Коен, претставникот Ро Кан, претседателката на „Нашата револуција" Нина Тарнер и градоначалничката на Сан Хуан, Кармен Џулин Круз.
Методи во кампањата Со оглед на високиот рејтинг што Сандерс го одржал од неговата кампања во 2016 година, NPR го опишале како „повеќе не е аутсајдер“ кога ја објавил својата кампања за 2020 година. Користејќи го големиот број на волонтери што ја изградил за време на кампањата во 2016 година, кампањата во 2020 година регрутирала повеќе од милион волонтери во рок од неколку недели од нејзиното објавување. Тој ангажирал неколку поранешни вработени во Now This News да произведуваат професионални видеа за широка дистрибуција на социјалните медиуми, емитувајќи различни форуми во живо кои достигнале милиони следбеници на социјалните мрежи и лансирал поткаст и апликација за паметни телефони за организирање на локално ниво.
Прибирање средства Кампањата на Сандерс за 2020 година користела многу од истите методи како неговата кампања од 2016 година. Ги избегнувала донациите од корпорации и се потпирала најмногу на донации од обичните луѓе. Според поднесоците на Федералната изборна комисија, кампањата на Сандерс собрала најмногу пари од сите демократски кандидати во 2020 година кои вклучувале донации од јуни 2019 година, вклучувајќи ги и парите останати од неговата кандидатура за Сенатот во 2018 година и претседателската камшања во 2016 година Во септември 2019 година кампањата на Сандерс станала најбрза кампања во историјата на САД која достигнала милион донатори. На 1 октомври во 2019 година било објавено дека биле собрани 25,3 милиони долари во третиот квартал од годината, со просечна донација од 18 долари. Тоа било најголемиот тримесечен вкупен број собрани пари од кој било демократски кандидат. Кампањата собрала 34,5 милиони долари во текот на четвртиот квартал од 2019 година. година.
Анкети и вести