мини|149x149пкс| Симбол на женската моќМеѓународен ден на девојчето — меѓународен празник прогласен од Обединетите нации, се нарекува и Денот на девојчето. Првиот ден кој се одбележал бил на 11 октомври 2012 година и неговото одбележување поддржувало повеќе можности за девојчињата и ја подигнало свеста за родовата нееднаквост со која се соочуваат девојчињата ширум светот врз основа на нивниот пол. Оваа нееднаквост вклучува области како што се правото на образование /пристап до образование, исхрана, законски права, медицинска нега и заштита од дискриминација, насилство врз жените и детски бракови. Одбележувањето на Денот, исто така, „го одразува успешното појавување на девојките и младите жени како посебна група во развојните политики, програми, кампањи и истражувања.“
Позадина Меѓународен ден на девојчето ја подига свеста за многуте прашања и нееднаквости со кои се соочуваат девојчињата ширум светот. Многу глобални планови за развој не ги вклучуваат и не ги земаат во предвид девојчињата, а многу од прашањата со кои тие се соочуваат и нивните проблеми стануваат „невидливи“. Повеќе од 62 милиони девојчиња ширум светот немаат пристап до образование. Во светот и колективно, девојчиња на возраст од 5 до 14 години трошат над 160 милиони часови повеќе на домашни работи отколку момчињата на иста возраст. На глобално ниво, една од четири девојки се омажила пред 18 години. На 11 октомври 2016 година Ема Вотсон, амбасадор на добрата волја на Обединетите нации, ги повикала земјите и семејствата ширум светот да ги спречат детските бракови. Многу девојки ширум светот се жртви на сексуално насилство, а сторителите често остануваат неказнети.
Денот на девојчето помага да се подигне свеста не само за проблемите со кои се соочуваат девојчињата, туку и за тоа што веројатно ќе се случи кога тие прашања ќе се решат. На пример, образованието на девојките помага да се намали стапката на детски бракови, болести и помага да се зајакне економијата со тоа што на девојчињата им се дава пристап до подобро платени работни места.
Историја алт=Girls at a 2014 International Day of the Girl Child Event.|мини| Девојки на настанот на Меѓународниот ден на девојчето во 2014 година. Меѓународниот ден на девојчето започнал како проект на невладината организација План Интернешенал, која работи низ целиот свет. Идејата за меѓународен ден на почит и славење произлегол од кампањата на План Интернешенал, затоа што сум девојка, која ја подигнува свеста за важноста на негувањето на девојчињата на глобално ниво, а особено во земјите во развој. Претставниците на План Интернешенал во Канада се обратиле до канадската федерална влада за да побараат поддржувачи на коалицијата и да ја подигнат свеста за иницијативата на меѓународно ниво. Подоцна, План Интернешенал ги повикал и Обединетите нации да се вклучат.
Меѓународниот ден на девојчето бил формално предложен како резолуција на Канада во Генералното собрание на Обединетите нации. Рона Амброуз, поранешната канадска министерка за статусот на жените, ја спонзорирала резолуцијата. Делегација на жени и девојки имале презентација за поддршка на иницијативата на 55 Комисија на ОН за статусот на жените. На 19 декември 2011 година, Генералното собрание на Обединетите нации гласало за усвојување на резолуција која била усвоена на 11 октомври 2012 година, и тој ден е прогласен за Светски ден на девојчето. Во резолуцијата се наведува дека Денот на девојчето признава дека зајакнувањето и инвестирањето во девојчињата, кои се од клучно значење за економскиот раст, вклучувајќи го искоренувањето на сиромаштијата и екстремната сиромаштија, како и значајното учество на девојчињата во одлучувањето што се клучни за прекинување на циклусот на дискриминација и насилство и во промовирање и заштита на целосното уживање на нивните човекови права и признавање дека зајакнувањето на правата на девојчињата бара нивно активно учество во процесите на донесување одлуки и активна поддршка и ангажман на родителите, старателите, семејството и здравствените служби, како и за момчињата и мажите и пошироката заедница.
До 2013 година, имало околу 2043 настани за Денот на девојчето ширум светот.
Настани низ светот мини|300x300пкс| Зградите (на фотографијата Планетариум Хамбург) биле осветлени во розова боја од План Интернешенал за да го привлечат вниманието на интересите на девојките ширум светот. Различни настани за промовирање на Денот на девојката се планирани во неколку земји. Некои се спонзорирани од Обединетите нации, еден од нив е концертот во Мумбаи, Индија. Невладините организации, како што е огранизацијата Грл Гајдс Австралија, поддржуваат настани и активности поврзани со Меѓународниот ден на девојчето. Локалните организации развиле и свои настани, како што се Девојки и фудбал во Јужна Африка, кои ќе дистрибуираат маици за Меѓународниот ден на девојката за да го одбележат маршот на 20.000 жени, кој се одржал во 1956 година, наречен Црни крилја. Целодневен настан се одржал и во Лондон во 2013 година кој вклучувал театарски и филмски претстави во изведба на организацијата Боди Госип, организација која се бори за изгледот на телото и проблеми со менталното здравје. За одбележување на првиот Ден на девојките, Сејџ Гирл и Твикси развиле виртуелен настан за да се здружат илјадници поединци и организации.
Во 2016 година, Лондон го одржал фестивалот Жени на светот каде 250 лондонски девојчиња на училишна возраст биле споени со женски ментори. Исто така, во текот на 2016 година, претседателот на Соединетите Американски Држави, Барак Обама, издал проглас со кој го поддржал крајот на родовата еднаквост.
Социјалните мрежи ја користат тарабната ознака #dayofthegirl за следење настани и новости за овој ден.
Поврзано
Детски брак Девојка Родова еднаквост Меѓународен развој
Наводи
Надворешни врски
Информации за грижа за Меѓународен ден на девојчето Планирајте информации за Меѓународниот ден на девојчето Ден на девојката Ден на девојката веб-страница на САД
Категорија:Меѓународни денови на Обединетите нации Категорија:Празници во октомври Категорија:Родова еднаквост Категорија:Феминизам Категорија:Меѓународен развој