Светскиот ден на лебот се слави на 16 октомври секоја година. Празникот е основан од Здружението на пекари и слаткари во 2005 година во Германија, а Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации исто така го усвоила овој празник. Светскиот ден на лебот се одржува во чест на лебот, како основен дел од исхраната низ светот уште од Стар Египет, а за некои луѓе лебот е единствената храна (за сиромашните и бездомниците).

Од востановувањето на празникот, секоја година на 16 октомври, пекари и ентузијасти од целиот свет се собираат за да го споделат своето знаење и разменуваат рецепти за правење леб. Се одржува и натпревар за правење леб. За време на одбележување на Светскиот ден на лебот се спроведуваат едукации за потрошувачката на лебот и неговото фрлање на стариот, неискористен леб, како и едукација на децата за процесот на производство на леб, од зрно до леб и за видовите леб.

Наводи

Категорија:Леб Категорија:Меѓународни денови на Обединетите нации