ФК Нотс Каунти — англиски фудбалски клуб, од Нотингем, Источен Мидлендс. Моментално се натпреварува во Лига Два, четвртото ниво на англискиот фудбал.

Основан во 1862 година, Нотс Каунти е најстариот фудбалски клуб на светот кој игра на професионално ниво.* http://www.theguardian.com/football/blog/2012/nov/26/happy-150th-notts-county Почнувајќи од 1888 година, освен 4 сезони (2019-2023), сите останати клубот ги има поминато играјќи во Фудбалската лига на Англија, што е повеќе од било кој друг клуб. Најголемиот успех на клубот е освојувањето на ФА Купот во 1894 година.

Својте домашни натпревари клубот ги игра на стадионот Мидоу Лејн.

Наводи

Надворешни врски Матична страница Нотс Каунти на Soccerbase Нотс Каунти на официјалната страна на УЕФА

Нотс Каунти