Капетан Америка: Храбар нов свет () — американски суперхеројски филм заснован на ликот на Marvel Comics за Сем Вилсон / Капетан Америка. Бил произведен од Marvel Studios и распределен од Walt Disney Studios Motion Pictures. Тоа е 35-ти филм во медиумската франшиза на „Кинематографската вселена на Marvel“ (КВМ), како и четвртиот филм од серијата за Капетан Америка и продолжение на серијалот на Disney+ „Соколот и Зимскиот Војник“ (2021). Филмот е во режија на Џулиус Она, кој го напишал сценариото заедно со Малколм Спелман и Далан Масон. Сем Вилсон / Капетан Америка го игра Ентони Маки. Во филмот играат и Дени Рамирес, Карл Ламбли, Тим Блејк Нелсон, Шира Хас, Харисон Форд и Лив Тајлер.
Премиерата на филмот во САД била на 14 февруари 2025 г., а во Македонија на 13 февруари истата година.
Содржина По избирањето на Тадеус Рос за претседател на Соединетите Американски Држави, Сем Вилсон се наоѓа во средиштето на меѓународна случка и мора да работи за да ги спречи вистинските нарачатели зад случката.
Улоги
|Ентони Маки |Сем Вилсон / Капетан Америка |- |Дени Рамирес |Хоакин Торес / Соколот |- |Карл Ламбли |Исаија Бредли |- |Тим Блејк Нелсон |Семјуел Стернс / Водачот |- |Шира Хас |Рут / Сабра |- |Харисон Форд |Тадеус „Грмотевицата” Рос / Црвениот Хулк |- |Лив Тајлер |Бети Рос |- |Џанкарло Еспозито |Сет Волкер
Наводи
Надворешни врски
Матична страница
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Филмови од 2025 година Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Американски суперхеројски филмови