Петар Мавродиев, роден Петар Костадинов Мавродиев, познат по псевдонимот Чернев (Гајтаниново, 1865 — ?) — македонски лекар и просветител од Пиринска Македонија, дел од првата генерација на воспитаници од Солунската машка гимназија. Братучед на Борис Сарафов.
Животопис лево|мини|Првата генерација на воспитаници во Солунската гимназија во учебната 1885/86 год.Прв ред (учители): Г. Миндов, А. Кулев, Х. Димитров, К. Стателов, Ф. Сплитек, Г. Прличев, Г. Кандиларов, архимандрит К. Пречистански, ѓакон И. Пенчев, Г. Попов, П. Драганов, А. Дојкин, Ј. БуфетиВтор ред (воспитаници): Х. Нечев, Ј. Читкушев, Ј. Мирчев, И. Липошлиев, Д. Изов, Б. Кушев, Л. Тодев, Ј. Бомболов, Г. Стрезов, П. Мавродиев, А. Кожухарски Петар Мавродиев е роден во 1865 година во селото Гајтаниново, Неврокопско, тогаш дел од Отоманското Царство, денес дел од Пиринска Македонија. Неговиот татко е Кочо Димитров Мавродиев, истакнат преродбеник и просветил во нивното родно село, неговата жена е сестра на таткото на Борис Сарафов, истакнат македонски национален херој. Тој е најмалиот брат на Димитар Мавродиев и Кочо Мавродиев. Се образува во неговото родно село, во 1880-тите се преселува во Солун да се образува во Солунската машка гимназија. Во 1886 година тој станува дел од првата генерација на воспитаници од Солунската машка гимназија. Се вработува како учител во Бугарската егзархија и е назначен како учител во класното кукушко училиште каде што предава Историја како предмет.Извори за българската етнография, т. 3, Етнография на Македония. Материали из архивното наследство, София 1998, с. 40.
Во учебната 1886/1887 година, кога Серското гимназиско училиште станало тригласно, Петар Мавродиев е назначен за директор. Неговиот мандат траел до 1888 година кога бил отстранет од неговата позиција по наредба на Бугарската егзархија. После неговото отстранување тој дава отставка и се вработува како професор во основно училиште во учебната 1888/1889 година. После неговите просветителни дејства Мавродиев се преселува во Женева, Швајцарија за да продолжи со неговото вишно образование. Во 1896 година завршува медицина во Женева. Дипломирал под псевдонимот Петар Чернев.
Наводи
Категорија:Луѓе од Гајтаниново Категорија:Родени во 1865 година Категорија:Македонски лекари Категорија:Македонски просветители Категорија:Сарафови Категорија:Прва генерација на воспитаници од Солунската машка гимназија