мини|Црвена решетка Црвена решетка (Clathrus ruber) е вид на сапрофитна габа од фамилијата Phallaceae. Не може да се јаде поради исклучително непријатниот мирис, сличен на расипано месо. Смрдеата привлекува муви и други инсекти кои помагаат во ширењето на спорите. Меѓу населението на јадранското крајбрежје на бивша Југославија оваа печурка била позната под името „вештеркино срце“. Сличен назив се среќава и во некој рурални делови на Франција, каде е позната под име cœur de sorcière.

Опис Црвена решетка расте многу брзо, па во текот на 3 дена расте и исчезнува. Кога е млада, печурката е бела и изгледа како јајце, бидејќи е обвиткана во кожеста обвивка со бела до сивкава боја. Како што се развива плодното тело, обвивката пука и се појавува црвена или портокалова печурка во облик на мрежа со широки полигонални дупки. Ламелите одвнатре се збрчкани и покриени со сиво-кафеава маса, која всушност се спори. Спорите се белузлаво-кафеави, издолжени и мазни, со димензии 5–6 x 1,7–2 μm. Постои голема варијација во големината во рамките на видот, бидејќи тие можат да бидат високи 8-20 сантиметри.

Оваа печурка расте наесен, во влажни шуми, ливади и покрај скапани трупци. Домородна е за јужна и Средна Европа, како и Макаронезија, западна Турција, северна Африка и западна Азија.

Слична на нејзе е Anthurus archeri, но нејзините пурпурно-црвени краци се раширени и личат на октопод. Не се јаде поради истите органолептички својства.

Синоними

Clathrus albus P. Micheli 1729 Clathrus cancellatus Tourn. ex Fr. 1823 Clathrus flavescens Pers. 1801 Clathrus kusanoi (Kobayasi) Dring 1980 Clathrus ruber var. albus (Fr.) Quadr. & Lunghini 1990 Clathrus ruber var. flavescens (Pers.) Quadr. & Lunghini 1990 Clathrus ruber f. kusanoi Kobayasi 1938 Clathrus ruber var. ruber P. Micheli ex Pers. 1801 Clathrus ruber f. ruber P. Micheli ex Pers. 1801

Галерија

Наводи

Категорија:Нејадливи габи Категорија:Габи