Автопортрет — слика од Ѓорѓи Зографски. Сликата е масло на платно со димензии 58,7х41,5 см, насликана во 1938-39 година. Сликата е во приватна сопственост на семејството Зографски во Скопје.
Опис Ова е втор автопортрет на Зографски. Сликата не е ни потпишана, ни датирана, а се определува дека е насликана во 1938 или 1939 година. На овој автопортрет, Зографски оддава впечаток на човек во полна зрелост, со седа коса, прошарани мустаќи и видливи бори на омлитавеното лице.
Наводи
Категорија:Слики од Ѓорѓи Зографски Категорија:Македонски уметнички слики Категорија:Уметнички слики од 1938 година