Јустинијанова чума (541–549 година) била епидеммија што го погодила целиот Медитерански басен, Европа, и Блискиот Исток, а сериозно погодени биле Сасанидската и Византиската Империја, особено Константинопол. Чумата е наречена по византискиот император Јустинијан I (r. 527–565), кој според неговиот дворски историчар Прокопиј се заразил од болеста и закрепнал во 542 година, во екот на епидемијата која убила околу една петтина од населението во престолнината. Заразата пристигнала во Римски Египет во 541, се проширила околу Средоземното Море до 544, и се ширела во Северна Европа и Арапскиот Полуостров до 549 година. До 543 година, чумата се проширила до секој агол на империјата.

Во 2013, истражувачите ги потврдиле претходните мислења дека причинител на јустинијановата чума била Yersinia pestis, истата бактерија одговорна за Црната смрт (1346–1353).

Наводи

Категорија:Византија во 6 век