Портрет на кнезот Михаило III Обреновиќ – слика од Ѓорѓи Зографски. Сликата е масло на платно со димензии 50х34 см, насликана во 1939 година. Сликата е во сопственост на Музејот во Смедерево.

Опис Делото настанало според цртеж на автор кој живеел во Западна Европа. Кнезот е облечен во офицерска униформа, стои на тераса во дворот, со поглед вперен кон градот. Начинот на сликање потсетува на портретот на Катарина Вучковиќ и на портретот на кнегињата Персида Караѓорѓевиќ.

Наводи

Категорија:Слики од Ѓорѓи Зографски Категорија:Македонски уметнички слики Категорија:Уметнички слики од 1939 година Категорија:Слики во Музејот во Смедерево