мини|234x234пкс|Михај Зичи. Гледалиштето на Бољшој театарот во Москва (1856). Во преден план е Императорската ложа. Ложа — посебно ограден дел во театар или во сала за приредби, со засебен влез и удобни седишта, најчесто наменет за угледни посетители. Ложите обично се поставени непосредно пред, покрај или над сцената. Овие затворени соби имаат отворен простор за гледање и обично сместуваат до пет лица. Во повеќето случаи, сите места во ложата се запазени за членовите на истата група. Државната или кралска ложа може да биде назначена за достоинственици.

Во театрите без места за седење, ложата може да се однесува на посебен оддел на предниот дел од балконот.

Историја Во XVIII и XIX век, оперските ложи биле симбол на богатство и висока општествена положба. Операта не била само место за уживање во уметноста и музиката, туку и сцена за прикажување на благосостојбата и угледот. Раскошот бил очигледен во уметноста, модата и поведението на присутните.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Театри __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__